1Боже мој, Боже мој, почуј ме; зошто ме остави? Далеку се од спасението мое зборовите со кои паѓам во грев.
2Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене.
3Но Ти живееш во Светилиштето Свое – опкружен со пофалби од Израилот.
4На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави;
5кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија.
6Јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот.
7Сите, што ме гладаа, ми се подбиваа; нишајќи ги главите, велеа:
8»Тој се надеваше на Господа, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден.«
9Но Ти ме подигна од утробата, стана надеж моја преку млекото мајчино.
10Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог.
11Не отстапувај од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне.
12Многу телиња ме обиколија, дебели јунци ме опкружија,
13ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и рика.
14Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради.
15Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли.
16Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете.
17Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа;
18ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жреб.
19Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја! Побрзај ми на помош!
20Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја;
21Запази ме од устите лавовски и од роговите на еднорогите, спаси ја мојата смиреност.
22Ќе го објавувам името Твое на браќата свои, сред собранието ќе Те фалам.
23Вие, што се плашите од Господа, восфалете Го. Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израилево,
24зашто Он не ја презре ниту ја одби молитвата на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав.
25За Тебе е похвалата моја, во великото собрание; ќе ги исполнам ветувањата свои пред оние што се плашат од Него.
26Ќејадат сиромасите и ќе се најадат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат; ќе живеат срцата нивни довека!
27Ќе се сетат и ќе се обрнат кон Господа сите земни краишта, и ќе се поклонат пред Тебе сите племиња на народите,
28зашто царството е на Господа, и Он е владетел над народите.
29Ќе јадат и ќе се поклонат сите силницина земјата; пред него ќе паднат сите што слегуваат во земјата. А душата моја ќе живее за Него.
30Потомството мое ќе Му служи и ќе се наречува Господово довека;
31тоа ќе им ја соопштува на луѓето, што ќе се родат, правдата Негова, зашто сето тоа Господ го создал.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.