2. Коринтјаните 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Павле прикажува за откровенијата на Господа, за страдањето и за силата. Им ја напомнува на браќата својата чиста љубов спрема нив.

1Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови.

2Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.

3И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае,

4беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже.

5Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости.

6Ако, пак, посакам да се фалам, нема да бидам безумен, зашто ќе кажам вистина; но јас се воздржувам, да не би некој да помисли за мене повеќе, отколку што во мене гледа, или од мене слуша.

7И, за да не превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам.

8Затоа трипати Го молев Господа да го отстрани од мене.

9Но Он ми рече: »Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста«. Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене силата Христова.

10Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен.

11Станав безумен со фалбите свои: вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од врховните апостоли, иако сум ништо.

12Зашто белези апостолски се извршија меѓу вас во секое трпење, во знаци, чудеса и сили.

13Оти, по што станавте подолни од другите цркви, освен по она, што јас не ви дотегнав? Простете ми ја таа грешка!

14Еве, по третпат се готвам да дојдам при вас, и пак нема да паднам на ваш товар; оти јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата.

15А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души, иако, сакајќи ве премногу, вие многу помалку ме сакате.

16Но нека биде така! Јас не ви додевав; само бидејќи итар, ве добив на измама.

17Да не би да сум ве искористил преку оние, што ги испраќав при вас?

18Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не би Тит да ве исползувал во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?

19Пак ли мислите дека пред вас се оправдуваме? Ние зборуваме пред Бога, во Христа, и сето тоа, возљубени, е за ваше издигање.

20Бидејќи се плашам, да не би, кога ќе дојдам да ве најдам не такви, какви сакам; а и вие да ме најдете таков, каков што не сакате: да не би меѓу вас да има кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, охолост, бунење;

21да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот Бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата, што ги направиле.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help