1Кога правиш добро, знај кому му го правиш, и ќе ти благодарат за твоите добрини.
2Прави му добро на побожниот и награден ќе бидеш; ако не од него – од Севишниот.
3Нема добро за оној кој постојано прави зло и за оној што милостиња не дава.
4Давај му на побожниот; на грешниот не помагај.
5Прави му добро на смирениот, не давај му ништо на безбожниот, леб не давај му, за да не стане посилен од тебе.
6Тој ќе ти плати за твоето добро со двојно зло; Севишниот ги отфрла грешниците и им се одмаздува на безбожниците.
7На добриот давај му; грешник не помагај.
8Пријателот во добро не се познава, а во злото непријателот не може да се сокрие.
9Кога ни е добро – непријателите се тажни, а кога сме во зло – и пријателите бегаат од нас.
10На непријателот не верувај му никогаш, зашто неговата злоба е слична на бакар покриен со патина;
11и кога е смирен, и кога наведнат оди, пази ја од него душата своја и ќе бидеш пред него како огледало чисто: ќе видиш дека од отровната патина не е очистен до крај.
12Не ставај го до тебе, за да не те истурка и местото твое да го заземе; не ставај го од твојата десна страна, за да не ти го земе твоето место. Најпосле ќе ги разбереш моите зборови; со тага ќе си спомнуваш за поуките мои.
13Кој ќе се сожали над змијарот што змија го каснала и над оние што на ѕверови диви се приближуваат? И оној што со грешник се дружи – во неговите гревови учествува.
14Додека цврсто стоиш тој не се открива, но кога еднаш ќе паднеш, – веднаш ќе те нападне.
15На непријателот зборовите се слатки, а во срцето смислува в бездна да те турне; во очите свои солзи ќе има, а кога ќе може – ни крв не го заситува.
16А снајде ли те зло, тој таму е пред тебе:
17и како да ти помага, нога ќе ти подметне.
18Ќе врти со глава, ќе крши раце, ќе негодува и ќе го менува лицето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
