1Тој дена читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонитец и Моавец на смеат да влегуваат во Божјото општество дури до века.
2Зашто тие не ги пресретнаа синовите на Израилот со леб и вода, а го најмија против него Валаама, за да го проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов.
3Кога го слушнаа тој закон, тие ги одделија од Израилот сѐ она што беше од друго племе.
4А пред тоа свештеникот Елијасив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,
5одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, ливан и садови, и десеток од житото, виното и елејот, определени со закон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.
6Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по неколку дена пак се измолив од царот
7Кога дојдов во Ерусалим и дознав за злото, што го беше направил Елијасив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом,
8ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата,
9и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садовите на Божјиот дом, лебниот принос и ливанот.
10Дознав уште, дека на левитите не им биде давани деловите, и дека левитите и певците, што ја вршеа службата своја, се разбегале секој на нивата своја.
11Јас ги искарав за тоа началниците и реков: »Зошто го напуштивме Божјиот дом?« И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.
12И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и зејтинот во одделите.
13И ги поставив како настојници Селемија, и книжникот Садока, и Федаија од левитите, а при нив и Анана, синот Закхуров, син Матаниев, зашто се сметаа за верни. И таму беше наложено да раздаваат делови на браќата свои.
14Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не ги бриши сесрдните работи мои, што ги напрвив за домот на мојот Бог и за службата при него!
15Во тие дни видов во Јудеја, дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат осли со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.
16И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.
17Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: »Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?
18Така правеа татковците ваши, та затоа Бог наш ги испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зголемувате гневот Негов против Израилот, осквернувајќи ја саботата.«
19Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затворат вратите и порачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите ги поставија своите слуги, и никаков товар да не премине во саботен ден.
20Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.
21Но јас ги скарав строго и им реков: »Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.« Оттогаш тие не доаѓаа во сабота.
22И им реков на левитите, да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите, за да го светат саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост!
23Во тие денови видов уште Јудејци, што си беа зеле жени азотки, амонитки и моавки;
24и затоа синовите нивни зборуваа полу азотски, или според јазикот на другите народи, а по јудејски не знаеја да говорат.
25Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за синовите нивни и да не ги земаат ќерките нивни за синовите свои и за себеси.
26Нели поради тоа, си зборував, грешел и Соломон, царот Израилев? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Израилци; но, пак, другоземни жени го натераа во грев и него.
27И можно ли ни е да слушаме за вас, дека го вршите сето тоа големо зло, бидејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи другоземни жени?
28Еден од синовите на Јоада, син на големиот свештеник Елијасив, беше зет на Санвалата Уротинат, Јас го изгонив од себеси.
29Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!
30Така го очистив од сѐ другоземно и ги установив службите на свештениците и левитите, на секого во неговата работа,
31и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.