Михеј 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Казна. Пророкување за разорувањето на Ерусалим.

1Затоа реков – чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Израилев: зар вие не знаете што е право?

2А вие го мразите доброто и го сакате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни;

3јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги стругнувате и ги кршите како за во сад, и месото нивно го дробите како за во котел.

4И тие ќе викаат кон Господа, но Он нема да ги чуе и ќе го сокрие лицето Свое од нив во времето, додека тие вршат злодејанија.

5Така вели Господ против пророците, кои го воведуваат во заблуда Мојот народ, кои гризат со заби – а проповедаат мир; а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна.

6Затоа, место видени, вие ќе гледате ноќ, место пророштво – темнина; и сонцето ќе зајде над тие пророци и денот ќе им потемнее над нив.

7Ќе се засрамат јасновидците, ќе бидат посрамени гледачите, и сите ќе ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога.

8Но јас сум исполнет со силата на Духот Господен, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јакова престапите и на Израилот – гревот негов.

9Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Израилев, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате сѐ што е право.

10Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда.

11Поглаварите негови судат за подароци, свештениците учат за награди, а пророците пророкуваат за пари, и сепак се надеваат на Господа, велејќи: »Нели е Господ меѓу нас; затоа зло нема да нѐ постигне.«

12Затоа поради вас Сион ќе биде разорен како нива, а Ерусалим ќе стане купиште од урнатини, и планината на тој Дом ќе зарасне во шума.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help