1Чистото небо е убавина на висините, видот на небото е појава прекрасна!
2Кога сонцето изгрева, изгревајќи објавува: »Колку чудно создание, дело е на Севишниот!«
3На пладне земјата ја вжештува; пред неговиот пек кој ќе устои?
4Фурната се разгорува жешка да биде, а сонцето ги вжештува планините трипати повеќе, пламен огнен издишува, со зраците свои очи заслепува.
5Голем е Господ, Кој го создал; со Своите зборови одот негов го забрзува.
6И месечината им служи на сите, време покажува и знак е на векот.
7Според месечината го определуваме празникот; откако полнотата ја достигне, светлината нејзина се намалува.
8Месецот од неа името го добил; во своите промени таа чудно се зголемува.
9Светилник на небеските воинства: свети на небескиот свод.
10Сјајот на ѕвездите е убавина на небото, светол украс во висините Господови.
11По заповед на Светиот, тие стојат по својот чин, и на стражата своја не се заморуваат.
12Погледни го виножитото и неговиот Создател прослави Го; прекрасно е таа во сјајот свој.
13Со кругот прекрасен небото го опфаќа; рацете на Севишниот го рашириле.
14По Божја повелба снегот брзо паѓа, брзо светкаат секавиците на Неговиот суд.
15Така се отвораат ризниците негови, од нив излегуваат облаци како птици.
16Со силата Своја облаците ги крепи, а од нив се одронува градобиен мраз.
17По негова волја јужниот ветар дува, од погледот Негов планините се тресат.
18Гласот на Неговиот гром, северната бура и ветрот силен земјата ја тресат.
19Тој сипе снег слично на птици што слетуваат. А паѓањето на снегот е како бранови на скакулци во лет.
20Очите се зачудуваат пред прекрасната негова белина, срцето е радосно кога врне.
21Шушлекот како сол на земјата паѓа, а кога ќе замрзне како игли станува.
22Дувнува студен северен ветер, водата во лед се претвора: над водите се шири и со него како со покривач се покрива.
23Тој ги голта планините, ги гори пустините, и како оган тревата ја пали.
24Но маглата помага како навремен лек; росата што паѓа – разладува пек.
25Со повелба Своја бездната ја скротува, насекаде острови поставува.
26Морнарите прикажуваат за опасностите од морето, а ние се чудиме на она што со ушите свои го слушаме;
27зашто таму има чудни и необични творби: разновидни животни и чудовишта морски.
28Преку неговата помош сѐ добро се извршува и преку словото Негово сѐ одржува.
29Многу можеме да кажеме, но нема да успееме за Бога сѐ да речеме; со еден збор ќе кажеме: »Бог е сѐ!«
30Од каде ќе земеме сила Него да Го прославиме? Та Тој е поголем од сите Свои дела.
31Страшен е Господ и многу е голем, чудесна е силата Негова.
32Прославувајќи Го Господа, фалете Го, колку што можете, но и по она Он ќе биде погоре;
33соберете ја колку што можете сета ваша сила кога Го прославувате, но не трудете се, зашто нема да успеете.
34Кој Го видел, па да ни објасни и кој ќе Го прослави, Каков што е?
35Многу има сокриено што е поголемо од ова; ние гледаме само мал дел од Неговите дела.
36Господ сѐ создал, а на побожните мудрост им подарил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.