Јов 37 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Божјата велелепност и во луња.

1»И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое.

2Чујте, чујте го гласот Негов и громот, што излегува од устата Негова.

3Под целото небо се разнесува грмежот Негов, и светкавицата Негова – до краиштата на земјата.

4По Него гром се разгласува; грми Он со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ќе се чуе.

5Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.

6Зашто Он му вели на снегот: – паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт.

7Он става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите луѓе Неговите дела.

8Тогаш ѕверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое.

9Од југ доаѓа бура, од север – студ.

10Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира.

11Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова,

12и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Он.

13Он им заповеда да отидат или за казна, или за благоволение, или за помилување.

14Влушај се во ова, Јове; стој и гледај ги чудесните дела Божји.

15Знаеш ли како Бог ги распоредува и како ѝ заповеда на светлината да болска од Неговиот облак?

16Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дела на Најсовршениот во секое знаење?

17Како се стоплува облеката твоја кога ја успокојува земјата од југ?

18Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало?

19Научи нѐ што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распознаеме.

20Ќе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој, дека Нему Му се соопштува, што е зборувано?

21Сега не се гледа болскавата светлина во облаците, но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти.

22Убавото време доаѓа од север, но во Бога убавината е преголема.

23Вседржителе! Ние не го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Он никого не го угнетува.

24Поради тоа нека се плашат пред Него луѓето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help