1Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.
2Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси.
3Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа.
4Мрзливиот од укори не се срамува, не се срамува ни оној, кој позајмува жито за време на жетва.
5Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува.
6Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој наоѓа вистински човек?
7Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него.
8Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло.
9Кој може да каже: »Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?«
10Нееднакви терзии, нееднаква мерка, – и едното и другото се одвратност пред Господа.
11Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ќе биде и правилно ли ќе биде поведението негово?
12Уво, кое слуша, и око, кое гледа, – и едното и другото Господ го создал.
13Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ќе јадеш леб до наситување.
14»Лошо е, лошо е,« вели купувачот, а кога ќе одмине, тогаш се фали.
15Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од сѐ.
16Земи ја облеката негова, бидејќи се заложил за туѓ човек; и за туѓинка земи залог од него.
17Леб, спечален со неправда, му се засладува на човека; но подоцна – устата негова со песок се наполнува.
18намерите добиваат цврстина преку советување: и по советувањето водат војна.
19Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај.
20Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ќе згаснат среде длабока темнина.
21Наследство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.
22Не вели: »Ќе му се одмаздам на непријателот«, туку остави на Господа, Он ќе ти помогне.
23Двојни мерки се одвратност пред Господа; и неточни мерки не се добри пред Господа.
24Стапките на човекот се определуваат од Господа; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој?
25Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае.
26Мудар цар ги распознава нечесните и го свртува врз нив тркалото.
27Господово светло е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето.
28Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одржува престолот свој.
29Слава за младите е нивната сила, а украс за старците – е нивната бела коса.
30Раните од борбата се лек против злото, исто така и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.