1Ќе Те фалиме Тебе, Боже, ќе Те фалиме, и ќе го призиваме името Твое.
2Ќе ги разгласувам Твоите чудеса кога ќе дојде време; ќе судам по правда.
3Ќе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини.
4Им реков на оние, што вршат беззаконија: не отстапувајте од законот, и на грешниците: не дигајте рог,
5не кревајте го високо вашиот рог, не говорете против Бога неправда,
6зашто издигањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пустите гори;
7но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува.
8Зашто чашата е во раката на Господа, со вино немешано, добро, и Он налева од неа по ред, но талогот нема да се источи; од него ќе пијат сите грешници на земјата.
9Јас, пак, вечно се радувам, ќе Му пеам на Јакововиот Бог,
10ќе го скршам рогот на сите грешници, а рогот на преведниците ќе се возвиси.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
