1Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час.
2И ги видов седумте ангели, што стоеја пред Бога и им се дадоа седум труби.
3Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му се даде многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник, што беше пред престолот.
4Димот од темјанот со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
6И седумте ангели, што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета трева зелена изгоре.
8Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третината од морето се претвори во крв;
9и умре третината од морските суштества, кои што имаа душа; и една третина од лаѓите пропаднаа.
10И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.
11А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена третината од сонцето, третината од месечината и третината од ѕвездите, за да им потемнее нивниот трет дел, та третината од денот, како и на ноќта, да не свети.
13И видов и чув еден орел како лета посреде небото и да вика со висок глас: »Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од другите трубни гласови на трите ангели, што ќе трубат!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
