Второзаконие 33 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мојсеевиот последен благослов.

1Ова се благословите, со кои Мојсеј, човек Божји, ги благослови синовите Израилеви пред смртта своја.

2И тој рече: »Господ дојде од Синај, ни се јави нам во Сир, се покажа од планината Фаран и пристигна со десетици илјади светии; а од десната страна со Него беа ангели.

3И ги заштити луѓето свои и сите светии се во Твои раце, и тие паднаа пред Твоите нозе.

4И тие ги примија зборовите од овој закон, што ни го објави нам Мојсеј, наследството на народот од Јакова.

5И тој беше омилен цар израилски кога се собираа народните кнезови заедно со Израилевите племиња.

6Да живее Рувим и да не умира, и Симеон да биде многуброен!«

7А за Јуда го кажа ова: »Чуј го, Господи, гласот на Јуда и биди при народот негов; да се заштити со рацете свои, а ти биди помошник против непријателите негови.«

8И за Левиј рече: »Твојот ‚тумим‘ и ‚урим‘ е на светиот маж Твој, кого Ти го укори кај водата на расправии,

9кој им рече на татка си и на мајка си: ‚јас не те видов‘, и браќата свои не ги позна, а синовите свои не ги виде, бидејќи тие, левитите, ги почитуваат зборовите Твои и го пазат заветот Твој,

10го учат Јакова на законите твои, и Израилот на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој;

11благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите негови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат.«

12За Венијамина рече: »Кого Господ го сака, тој живее во Него со радост, Бог го заштитува секогаш, и тој почива врз рамената Негови.«

13А на Јосифа му рече: »Нека ја благослови Господ земјата негова со многусакани дарови небески, со роса и со подароци на бездната, што лежи долу,

14со многусакани плодови од сонцето и многусаканите плодови од месечината,

15со дарови од старите планини и со дарови од вечните ридови,

16и благовремено нека ти се исполнува со пријатни и богати плодови, па тогаш Оној, Кој ми се јави во капината да слезе врз главата на Јосифа и врз темето на најдобриот брат негов;

17цврстината му е како на првородно теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви.«

18На Завулона му рече: »Весели се, Завулоне, во своите патишта, и ти Исахаре, по полињата твои;

19тие ќе ги истребат народите, и вие го свикувате народот на планината, таму ќе принесете жртви за правда, бидејќи богатството на морето ќе те храни, како и трговијата со народот што живее покрај морето.«

20За Гад рече: »Благословен нека е кој ќе го прошири Гада; тој почива како лав и сокрушува мишка и глава;

21тој ги виде првите делови на својата земја кога таму се разделуваше земјата меѓу собраните кнезови и началниците, и ја исполни правдата Господова и судот со Израилот.«

22За Дан рече: »Дан е млад лав, кој што избега од Васан.«

23За Нефталима рече: »Нефталим е задоволен со пријатности, па нека се засити и со благослов од Господа; морето и југот ќе ги наследи.«

24За Асира рече: »Благословен е со синовите Асир, тој ќе биде омилен меѓу браќата свои и во елеј ќе ја натопи силата твоја.

25железото и бакарот ти се обувките; како деновите твои ќе се зголемува силата твоја.

26Нема друг како возљубениот Бог, Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и како великолепие на земјата.

27Единиот Бог е твое прибежиште, и ти си под силата на Неговите вечни мишки. Он ќе го прогонува непријателот пред тебе и ќе рече: истребувај!

28И кога ќе се насели Израил, ќе живее сам во земјата на Јакова, земја изобилна со жито и вино, а небото ќе му праќа роса.

29Блажен си ти, Израиле! Кој е како тебе, народ пазен од Господа, Кој ти е штит закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели те молат, а ти ќе ги газиш вратовите нивни.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help