1Од секаде се слуша дека кај вас има блудство, и тоа какво блудство, за какво не се зборува дури ни при незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.
2А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној, што го направил тоа дело.
3Јас, пак, иако со телото не сум при вас, а само со духот, веќе го осудив, како да сум меѓу вас, оној, што го направил тоа.
4Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,
5да го предадете на сатаната, за мачење на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Господ Исус Христос.
6Фалбата ваша не е добра. Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?
7Затоа, очистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас.
8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.
9Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,
10но не и општо со блудници од овој свет, или со користољубци, или со грабачи, или со идолопоклоници, оти, инаку, би требало да излезете од овој свет.
11Но сега ви пишувам да не се дружите со оној, кој наречувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.
12Зашто, моја работа ли е да ги судам надворешните? Не ли ги судите вие внатрешните?
13Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот помеѓу вас.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
