Исход 18 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јотор го советува Мојсеја. Поставање судии.

1А Јотор, свештеникот медијамски, тестот Мојсеев, чу за се што направи Господ за Израилот, народот Свој, како го изведе Господ Израилот од Египет.

2И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Сепфора, жената Мојсеева, која беше ја вратил,

3и двата сина нејзини: на едниот името му беше Гирсам, оти Мојсеј велеше: »Придојден сум во земја туѓа,«

4а на вротиот името му беше Елиезер, бидејќи рече: »Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од рацете Фараонови.«

5И Јотор, тестот Мојсев, тргна со синовите негови и со жената негова при Мојсеја во пустињата, каде што се беше утаборил на планината Божја,

6па го известија Мојсеја, велејќи: »Ете, тестот твој Јотор, иде кај тебе, иде и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.«

7И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го целива; па откако се поздравија еден со друг, го воведе Мојсеј под шаторот свој.

8И му раскажа Мојсеј на тестот свој за се што направи Господ со Фараонот и со сите Египтјани поради Израилците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави од рацете Фараонови и од рацете египетски.

9И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израилот, спасувајќи го од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови.

10Тогаш Јотор рече: »Нека е благословен Господ, Кој ве избави од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови!

11Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат.«

12Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и жртви. Тогаш дојде и Арон и сите старешини Израилеви, и јаде леб со тестот Мојсеев пред Бога.

13А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеја од утрото до вечерта.

14И Јотор, гледајќи сѐ што прави со народот, рече: »Што правиш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои од утро до вечер?«

15А Мојсеј му одговори на тестот свој: »Народот доаѓа при мене за да бара суд од Бога.

16Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив, а има меѓу нив недоразбирања, и им ги кажувам наредбите Божји и Законот Негов.«

17Но тестот Мојсеев му рече: »Не е добро тоа, што го правиш ти.

18Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; оти таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш.

19Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога:

20Учи ги на наредбите Божји и на законит Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат.

21А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои се плашат од Бога; луѓе справедливи, кои мразат горделивост, па постави ги над нив како илјадници, стотници, педесетници, десетници и писари.

22Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат.

23Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да истраеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.«

24И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи се, како што му рече.

25И избра Мојсеј од сиот Израил луѓе способни, па ги постави: илјадници, стотници, педесетници и десетници.

26И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките работи му кажуваа на Мојсеја; за сите мали работи, пак, судеа сами.

27Потоа го ослободи Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во земјата своја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help