1И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, во скинијата на сведоштвото, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејќи:
2»Пребројте ја целата заедница на Израилеви синови според родовите нивни, според челадта нивна, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден;
3од дваесет години нагоре, сите способни кај Изаилот за војна; според доброволечките чети пребројте ги ти и Арон;
4заедно со вас треба да има од секое племе по еден претставник, кој е старешина на родот свој.
5И еве ги имињата на мажите, што ќе бидат со вас: од Рувима – Елисур, синот Седиуров;
6од Симеона – Саламиил, синот Сурисадаев;
7од Јуда – Наасон, синот Аминадавов;
8од Исахара – Натанаил, синот Согаров;
9од Завулона – Елиав, синот Хелонов;
10од синовите на Јосифа: од Ефрема – Елисам, синот Емиудов; од Манасија – Гамалиил, синот Фадасуров;
11од Венијамина – Авидан, синот Гадеониев;
12од Дана – Ахиезер, синот Амисадаев;
13од Асира – Фагаил, синот Ехранов;
14од Гада – Елисаф, синот Рагуилов;
15од Нефралима – Ахиреј, синот Енанов.
16Тие се избраните кнезови од народот на татковските племиња, началници на Израилевите илјадници.«
17Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи
18и го собраа сиот народ на првиот ден од месецот од втората година; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според домовите свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден од машки пол,
19како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската пустиња.
20Од синовите на Рувима, првородениот син на Израила, според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна.
21Се изброија од племето Рувимово четириесет и шест илјади и петстотини.
22Од синовите Семеонови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
23се изброија од племето Симеонови песедет и девет илјади и триста.
24Од синовите Јудини според родовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
25изброија од племето Јудино седумдесет и четири илјади и шестотини.
26Од синовите Исахарови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
27се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини.
28Од синовите Завулонови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
29се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини.
30Од синовите на Јосифа, синовите Ефремови, според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
31се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.
32Од синовите Манасиеви според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
33се изброија од племето Манасиево триесет и две илјади и двесте.
34Од синовите Венијаминови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
35се изброија од племето Венијаминово триесет и пет илјади и четиристотини.
36Од синовите Гадови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
37избројувањето од племето Гадово изнесува четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.
38Од синовите Данови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
39се изброија од племето Даново, шеесет и две илјади и седумстотини.
40Од синовите Асирови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
41се изброија од племето Асирово четириесет и една илјада и петстотини.
42Од синовите Нефталимови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите сопсобни за војна,
43се изброија од племето Нефталимово педесет и три илјади и четиристотини;
44тоа се оние, што влегоа во пребројувањето и што ги преброи Мојсеј и Арон и началниците Израилеви – дванаесетмина луѓе, по еден човек од секое племе – според племињата народни.
45Сите, влезени во пребројувањето, синовите Израилеви, од дваесет години и нагоре, сите од Израилот способни за војна,
46изброени беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.
47А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња.
48И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
49»Само Левиевото колено не вбројувајте го и тие бројки не мешај ги со синовите на Израилот;
50но на левитите довери им ја скинијата на сведоштвото, сите нејзини принадлежности и си што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини принадлежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени;
51а кога ќе треба да се пренесува скинијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен.
52Синовите Израилеви треба да бидат распоредени секој според својот чин, и секој според своето старешинство, способен да војува.
53А левитите да се сместат од спротивната страна, околу скинијата на сведоштвото, за да не падне гнев врз општеството на синовите Израилеви; левитите сами да стојат на стража при скинијата на сведоштвото.«
54И направија синовите Израилеви сѐ онака како што му заповеда Господ на Мојсеја; така направија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.