Рута 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Рут го послушува советот на Ноемина.

1И ѝ рече Ноемина, свекрвата нејзина: »Ќерко, нели бива да живееш подобро!

2Ете, Воз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното;

3затоа изми се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај, додека заврши со јадењето и пиењето;

4а кога ќе легна да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откри го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.«

5Рут ѝ рече: »Ќе направам сѐ што ми кажа.«

6И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина.

7Воз се најаде и се напи, и го развесели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри од кај нозете негови и легна.

8На полноќ тој се тргна, се обѕрна, а тоа при нозете негови лежи жена.

9И ѝ рече Воз: »Која си ти?« Таа одговори: »Јас сум Рут, твоја робинка, рашири го крилото свое над својата робинка, зашто си ми роднина.«

10Воз ѝ рече: »Благословена да си од Господа, ќерко! Таа своја последна милост ти ја изврши подобро од првата, кога не отиде да бараш момци, бедни или богати;

11затоа не плаши се, ќерко! Јас ќе направам за тебе сѐ, што кажа ти; оти при секоја порта кај мојот народ знаат, дека ти се чесна жена;

12иако е точно, дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене;

13ноќевај таа ноќ; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ќе те земам; жив е Господ! Спи до утре!«

14И преспа таа при нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаа еден со друг, зашто Воз рече да не се знае дека доаѓала жена на гумното.

15И ѝ рече: »Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.« Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.

16А Рут дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: »Што направи, ќерко?« Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа.

17Таа рече: »Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце при свекрвата своја!‘«

18Таа ѝ рече: »Почекај, ќерко, додека да дознаеше, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои, додека не ја сврши денес таа работа.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help