1 Ездра 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Доаѓањето во Ерусалим.

1Еве ги старешините на домовите и родословите на оние, кои со мене излегоа од Вавилон, во царувањето на царот Артаксеркс:

2од Финесовите синови – Гирсон; од Итамаровите синови – Даниил; од Давидовите синови – Атус;

3од Саханиевите синови, од Форосовите синови – Захарија и со него по список сто и педесет мажи;

4од Фат-Моавите синови – Елијан, син Зераев, и со него двесте души од машки пол;

5од синовите на Затојас – Сехенија, син Азиилев, и со него триста мажи;

6од Адиновите синови – Овин, син Јонатанов, и со него педесет души од машки пол;

7од Еламовите синови – Исаија, син Аталиин, и со него седумдесет мажи;

8од Сафатиевите синови – Завдија, син Михаилов, и со него осумдесет души од машки пол;

9од Јоавовите синови – Авдија, син Јеилев, и со него двесте и осумдесет мажи;

10од синовите на Ваанија – Селимут, син Јосефиев, и со него сто и шеесет души од машки пол;

11од Вавиевите синови – Захарија, син Вавиев, и со него дваесет И осум мажи;

12од Азгадовите синови – Јоанан, син Икатанов, и со него сто и десет души од машки пол;

13од синовите Адоникамови излегоа последни од нив; еве ги имињата нивни: Едифалат, Јеил, и Самаја, и со нив шеесет мажи;

14од Вагуевите синови – Утај и Завуд, и со нив седумдесет души од машки пол.

15Ги собрав кај реката, која што се влива во Ава, и таму престојувавме три дена, и, кога го прегледав народот и свештениците, не најдов таму од Левиевите синови.

16Тогаш испратив да го повикаат Елеазера, Ариила, Семеја, Елнатана, Јарива, Натана, Захарија и Месолама – старешините, и Јоарима и Елнатана – учените;

17и им дадов порака за Идо, началникот во месноста Касфија, и ги поучив како да му зборуваат на Идоа и на браќата негови, Нетинејците во месноста Касфија, за да ни доведат певци за домот на нашиот Бог.

18И тие ни доведоа – бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас – еден умен човек од синовите на Махлија, син Левиев, син Израилев, односно Серевија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души;

19и Асевија и со него Исаија од синовите Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет;

20И од Нетинејците, што ги беше дал Давид И кнезовите негови за послуга на левитите, двесте И дваесет Нетинејци; сите тие беа запишани поименично.

21Тогаш објавив таму пост при реката Ава, за да се смириме пред лицето на нашиот Бог И да измолиме од него успешен пат за себеси, за децата свои И за целиот наш имот,

22бидејќи ми беше срам да барам од царот војска И коњаници да ни чуваат од непријател по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: »раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а над сите, што Го оставаат, стои силата Негова И гневот Негов!«

23И така ние постевме и го молевме нашиот Бог за тоа, и Он ни услиши.

24Тогаш одвоив дванаесет души од началниците над свештениците: Сариаја и Асавија, и со нив десетина од браќата нивни;

25и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – си што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму.

26И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет таланти, и сребрени садови – за сто таланти, злато – сто таланти,

27златни чаши – дваесет, за илјада драхми, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.

28И им реков: »Вие сте светиња на Господа, и садовите се светиња, и среброто и златото – доброволен прилог на Господа, Бог на татковците ваши.

29Бидете будни и запазете го тоа, додека го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во ризницата при домот Господов.«

30Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.

31Тогаш тргнавме од реката Ава на дванаесеттиот ден од првиот месец, за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и ни чуваше од непријателска рака и од оние, што ни зачекуваа на патот.

32И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.

33На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите ве домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Маримота, син Уриев, и со него на Елеазара, син Финесов, и со нив на Јозавада, син Исусов, и на Ноадија, син Ванаев – левити,

34си под број и со мера. И сето измерено беше истовремено запишано.

35Дојдените преселеници од пленство Му принесоа сепаленици на Бога Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни, седумдесет И седум јагниња и дванаесет козли како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господа.

36И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните кнезови, и тие го почитуваа народот и домот Божји.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help