Јов 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Елифазовиот прв говор: Бог не го накажува праведникот.

1Одговори Елифаз од Темна и рече:

2»Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да се воздржи да не говори!

3Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,

4твоите зборови го исправале оној што паѓал, си ги поткрепувал раслабените колена.

5А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.

6Твојата богобојзаливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта – твојата поткрепа?

7Спомни си, загинал ли некој невин, и кога праведните биле искоренувани?

8како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;

9од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот негов исчезнуваат.

10Рикањето на лавот и гласот на оној што вика замолчува, а забите на лавчињата се кршат;

11силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат.

12И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.

13Среде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,

14мене ме опфаќа страв и трепет и ги растресе сите мои коски.

15И духот помина над мене; косата ми се крена.

16Тој застана, – но јас не го видов лицето негово, – само облик беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:

17‚Зар човекот е поправеден од Бога? И почист ли и од својот Создател?‘

18Ете, Он и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои согледува недостатоци:

19дотолку повеќе кај оние, што живеат во земјани куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од молец.

20Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.

21не загинуваат ли со нив и достоинствата нивни? Тие умираат иако не станале мудри.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help