Тит 2 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Совети за разни општествени редови. Благодатта Божја спасува.

1А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење:

2старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;

3старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,

4за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;

5да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.

6Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,

7а во сѐ претстави се сам како образец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:

8слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.

9Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не повраќајќи им;

10да не крадат, туку во сѐ да покажуваат добра верност, та науката на нашиот Спасител, Бога, да ја украсуваат во сѐ.

11Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе,

12учејќи нѐ да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,

13да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,

14Кој Се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.

15Ова зборувај, и советувај, и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help