1Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израилот.
2Во светото е Неговото место, а Неговото живеалиште – на Сион.
3Таму Он ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
4Светлината Твоја е чудесна од вечните гори.
5Се збркаа сите неразумни по срце; заспаа богатите луѓе и ништо не најдоа во рацете од богатствата свои.
6Од Твојата закана, Боже Јаковов, задремаа коњаниците.
7Ти си страшен, и кој ќе Ти се противстави Тебе? Оттаму е Твојот гнев.
8Од небесата се чу глас дека ќе судиш; земјата се уплаши и се смири.
9Кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите кротки по земјата,
10бидејќи мислите свои луѓето ќе Ти ги исповедаат: а и остатокот од нив ќе Те прославува.
11Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови,
12Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните цареви.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
