Мудри Соломонови Изреки 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Господ и човечките патишта; мудроста е извор на животот; за подмолните луѓе.

1Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господа.

2Сите дела на смирениот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги мери душите.

3Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ќе се исполнат.

4Господ направи сѐ со определена цел, и за нечесниот – злочест ден.

5Секој горделив по срце е одвратност пред Господа: можеш да потврдиш, дека тој нема да остане неказнет. Почетокот на добриот пат е – да се врши правда; тоа е поугодно пред Бога, отколку да се принесуваат жртви. Кој Го бара Господа, ќе најде знаење со правда; оние што навистина Го бараат, ќе најдат мир.

6Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува.

7Кој го бара Господа – тој добива разумност и праведност.

8Кој што бара правда – тој ќе добие спокој.

9Сите дела Господови се добри, а нечесниот – лош ден го очекува.

10Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд.

11Точните мерила и тасовите се од Господа; од него се и сите точни мерки.

12Незаконско дела е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајакнува.

13Спреведлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној, што ја кажува вистината.

14Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ќе го смилостиви царот.

15Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.

16Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеќе за претпочитување отколку одбрано сребро.

17Патот на праведните е отстранување од злото: патиштата на праведните водат кон долг живот; кои примаат поука – добрини ќе видат, а кои примаат прекори – помудри ќе бидат; кој ги пази своите патишта – душата своја ќе ја запази; кој го сака животот свој – тој внимава што зборува.

18Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надуеноста.

19Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.

20Кој ја води разумно работата своја, добро ќе најде, и кој се надева на Господа, блажен е.

21Мудрите по срце, разумни ќе ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.

22Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е зло.

23Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумнот се пројавува и во устата негова.

24Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.

25Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.

26Кој се труди, се труди за себеси, зашто кон тоа устата го упатува; подмолниот во својата уста ја носи својата пропаст.

27Лукав човек зло на себеси прави, во устата своја – оган разгорува.

28Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.

29Насилник човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;

30замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајќи си ги усните, извршува зло; тој е оган од злоба.

31Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.

32Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови.

33Жреб се фрла во скут, но сѐ што решава тој, од Господа е.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help