2. Ездра 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророците Агеј и Захарија му помагаат на Зоровавела. Писмото од Сисиниј до Дарија. Указот на Дарија.

1На втората година од царувањето на Дарија Агеј и Захарија, синот Адов, пророци, им пророкуваа на Јудејците, што беа во Јудеја и Ерусалим, од името на Господа, Бога Израилев.

2Тогаш стана Зоровавел, синот Салатиилев, и Исус, синот Јоседеков, и почнаа да го градат Господовиот дом во Ерусалим, во присуство на Господовите пророци, кои им помагаа.

3Во тоа време дојде при нив Сисиниј, војводата на Сирија и Феникија, и Сатравузан и другарите нивни, та им рекоа:

4»Со чија дозвола вие го градите овој дом и овој покрив и сѐ друго што правите? И кои се градителите, што го вршат тоа?«

5Но Јудејските старешини најдоа милост кај Господа, Кој се смилува над пленството,

6и не им забранија да градат, додека не му јават за нив на Дарија. И добија одговор.

7Еве препис од писмото, што го напиша Сисиниј и што му го испрати на Дарија: »Сисиниј, војводата на Сирија и Феникија, и Стравузен и другарите, началници во Сирија и Феникија, до царот Дарија – поздрав.

8Да му биде сѐ познато на нашиот цар – господар, дека, кога дојдовме во Јудејската област и влеговме во градот Ерусалим, ги најдовме таму вратените од пленство јудејски старешини,

9коишто Му градат нов голем дом на Господа од скапи делкани камења, ставајќи во ѕидовите и дрво;

10тие работи ги вршат од сѐ срце, и работата непредува успешно во рацете нивни и се врши со голема убавина и грижа.

11Тогаш ги прашавме тие старешини, велејќи: ‚По чија заповед го градите овој дом и ги правите овие работи?‘

12Ете, и ние ги прашавме, за да ти јавиме и да ти напишеме за нивните началници, и побаравме од нив список на имињата на водачите нивни.

13А тие ни одговрија: ‚Ние сме слуги на Господа, Кој го создал небото и замјата.

14Овој дом многу години пред тоа бил граден од голем и силен цар израилски, и бил завршен.

15Но бидејќи татковците наши Го разгневиле со гревовите свои небесниот Господ Израилев, Он ги предаде во рецете на Навуходоносор, царот вавилонски, цар на Халдејците.

16Тие го разрушиле и го изгореле овој дом, а народот го одвеле во пленство во Вавилон.

17Но во првата година по зацарувањето на Кира над Вавилонската земја, царот Кир заповеда да се изгради овој дом.

18И свештените садови, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше изнел од ерусалимскиот храм и ги поставил во своето светилиште, царот Кир пак ги земал од светилиштето вавилонско и му ги предал на кнезот Зоровавел и Санавасар.

19Ним им било заповедано да ги однесат сите тие садови и да ги постават во ерусалимскиот храм и да изградат храм Господов на местото негово.

20Тогаш Санавасар дошол и поставил темели на Господовиот храм во Ерусалим, и оттогаш досега се гради и не е довршен.‘

21Затоа, цару, ако благоволиш, нека побараат во книгохранилиштата на царот Кир,

22и ако се најде, дека градењето на Господовиот дом во Ерусалим се вршело по волјата на царот Кир, и ако му биде пријатно на нашиот цар-господар, нека ви се јави заради знаење.«

23Тогаш царот Дариј заповеда да бараат по летописните книги вавилонски, и најдоа во Екбатан, град во Мидијска област, едно место со еден историски запис, каде што беше запишано:

24Во првата година на Кировото царување, цар Кир заповеда да се изгради домот Господов во Ерусалим, каде што принесуваат жртви на оган, што не се гасне.

25Висината на храмот – шеесет лакти, широчината – шеесет лакти, со три згради од делкан камен и со една од домашно дрво, а трошоците да паднат на домот на цар Кир;

26и свештените садови на Господовиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги изнел од ерусалимскиот дом и ги пренел во Вавилон, да се вратат во ерусалимскиот дом, за да се постават таму, каде што биле.

27Му заповеда исто така на Сисиниј, војводата на Сирија и Феникија, и на сатравузана и другарите негови и на поставените од Сирија и Феникија началници, да се држат на страна од тоа место и да ги остават Господовиот слуга Зоровавела, кнез јудејски, и старешините јудејски да го градат овој Господов дом на местото негово.

28Јас заповедав да се изѕида совршено и да се гледа, на вратените од пленство Јудејци да им се укажува помош, додека конечно да се заврши домот Господов,

29и од даноците на Кили-Сирија и Феникија да им се дава редовно на тие луѓе, преку кнезот Зоровавела, за жртви на Господа, за телци, овни и јагниња.

30Исто така постојано секоја година без приговор да се дава пченица, сол, вино и елеј, како што ќе кажат свештениците, што се во Ерусалим, колку се троши секој ден;

31за да Му принесуваат на Севишниот Бог жртви за царот и дацата негови и да се молат за животот нивни.

32Притоа да се разгласи дека, ако некој престапи или наруши нешто од напишаното, да се земе дрво од негова сопственост, и да биде обесен на него, а имотот негов да стане царски.

33»За тоа Господ, Чие име се призовува таму, да го погуби секој цар и народ, што ќе подаде рака да се попречи или да му се направи некакво зло на тој Господов дом во Ерусалим.

34Јас, цар Дариј, наредив да биде токму така.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help