1Пофали Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
2Он ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
3го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
4го испраќа на земјата Својот благослов; Неговиот збор брзо оди;
5дава снег како волна; сипува магла како пепел;
6фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
7Ќе го испрати благословот, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
8Он му го кажа благословот Свој на Јакова, Своите наредби и Своите судови на – Израилот.
9на никот друг народ Он не му го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
