1Мртвите муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното масло на мироварец: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест.
2Срцето на мудриот е десно, а срцето на глупавиот – лево.
3По каков и да било пат да оди глупавиот, кај него секогаш недостига смисла, и пред секого тој ќе се покажува дека е безумен.
4Ако гневот на оној што владее избувне врз тебе, не напуштај го местото свое, зашто кроткоста избришува и големи грешки.
5Има зло што сум го видел под сонцето, како грешка што доаѓа од владетелот;
6неукоста се поставува на голема височина, а богатите седат ниско.
7Сум видел слуги на коњи, а кнезови да одат пешки како слуги.
8Кој копа јама, сам ќе падне во неа, и кој соборува ограда, змија ќе го касне.
9Кој крева камења, може да се шине, и кој цепи дрва, може да се изложи на опасност од нив.
10Ако отапи секирата, и ако сечилото нејзино не биде наострено, ќе треба повеќе сила; мудроста знае тоа подобро да го направи.
11Ако змија казне пред да се улови, тогаш за оној што ја лови нема полза.
12Зборовите од уста на мудрец се благодат, а устата на безумниот самиот него го погубува:
13првите зборови од устата му се глупост, а крајот на речта на устата негова – лошо безумие.
14Глупавиот зборува многу, а човекот и не знае што ќе биде; та и кој ќе му каже, што ќе биде по него?
15Трудот на глупавиот го изморува, зашто не го знае дури ни патот за во градот.
16Тешко тебе, земјо, кога царот твој е дете, и кога кнезовите твои јадат рано!
17Блазе тебе, земјо, кога царот ти е од род благороден, и кнезовите твои јадат навреме, за поткрепа, а не за преситување!
18Од мрзливост ќе нависне таванот, и кога ќе се скрстат рацете, покривот ќе прокапе.
19Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот; а сѐ прави среброто.
20Дури и во мислите свои не го навредувај царот, и во спалната своја не го навредувај богатиот; зашто небесната птица може да го пренесе твојот збор, и сѐ што има крилја ќе го соопшти твојот збор.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
