1Кога аморејските цареви, што живееја од онаа страна на Јордан кон морето, и хананејските цареви, што се крај морето, чуја дека Господ Бог ги исушил водите на Јордан пред синовите Израилеви, додека тие преминувале, тогаш им се запреа мислите, се ужасија и не остана веќе во нив дух против синовите Израилеви.
2Во тоа време Господ му рече на Исуса: »Направи си камени ножеви од остар камен и обрежи ги синовите Израилеви по вторпат!«
3Тогаш Исус направи остри ножеви од камен, и ги обреза синовите Изриалеви во местото наречено Рид на обрезанието.
4И така ги обреза Исус синовите Израилеви, кои тогаш се родија по патот, и кои меѓу излезените од Египет тогаш не беа обрезани, сите ги обреза Исус; сиот народ, што беше излегол од Египет, од машки пол, сите способни за војна умреа во пустињата по патот, откако без излагле од Египет;
5бидејќи сите излезени беа обрезани, а сите, што беа се родиле во пустињата по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани;
6зашто синовите Израилеви четириесет години одеа по пустињата Мавдаритит; заради тоа мнозина не беа обрезани, додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет, кои не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се залона, дека нема да ја видат земјата, која Господ со клетва беше им ја ветил на татковците нивни, дека ќе ни ја даде нам земјата, каде што тече мед и млеко,
7а на место нив ги постави синовите нивни. Нив ги обреза Исус, зашто тие не беа обрезани; бидејќи нив, како родени по патот, не ги обрезуваа.
8Сиот народ, откако беше обрезан, си остана на местото во логорот, додека не оздрави.
9Тогаш Господ му рече на Исуса: »Сега Јас го симнав од вас египетскиот срам!« И тоа место се наречува дури и до ден денес »Галгал«.
10И се задржаа синовите Израилеви во логорот во Галгал и направија Пасха во рамнините Јерихонски на четиринаесеттиот ден од месецот, вечерта;
11и на вториот ден по Пасха почнаа да јадат од пченицата на таа земја – бесквасни лебови и печени зрна во истиот тој ден;
12и маната престана да паѓа во тој ден, по кое почнаа да јадат од житото на таа земја; и веќе немаше мана кај синовите Израилеви: во таа година тие јадеа од плодовите на Хананската земја.
13Кога Исус се наоѓаше близу до Јерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со истргнат меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: »Наш ли си, или си од нашите непријатели?«
14Тој му одговори: »Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде.« Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: »Што ќе му заповедаш на својот слуга?«
15Водачот на војската Господова му рече на Исуса: »Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето.« Исус така и направи.
16А Јерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израилеви; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.