Исус Навин 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Наследството на Ефремовите синови.

1Потоа жребот падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Јерихон, кон Јерихон на исток, во планинската пустиња, која се протега од Јерихон кон Ветил;

2од Ветил границата оди кон Луз и мунува кон пределот Архијатарот,

3се спушта кон морето, кон границата Јефалтимска дури до пределот Ветарон долни, па и до Газер и излегува кај морето.

4Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија.

5Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атарот и Адар до горни Веторон;

6потоа границата оди кон морето на север до Махтот, свртува на исток кон Тинат-Силом и минува источно од Јанох;

7а од Јанох, откако слегува кон Атарот и Нарат, допира до Јерихон, и селата нивни и излегува на Јерихон;

8од Тапфу границата оди кон морето, кај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на синовите Ефремови, според родовите нивни.

9Имаше одделни градови за Ефремовите синови и во наследство на Манасеивите синови, – и сите тие градови беа со селата нивни.

10Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананејците, кои живееја во Газер; затоа Хананејците живеат меѓу Ефремовците до денес, и им плаќаат данок. Најпосле дојде египетскот цар – Фараон, го презеде градот и со оган го изгори, а Хананејците и Ферезејците и жителите на Газер беа убиени, а Фараонот го даде пленот на ќерката своја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help