1Господи, со Твојата сила ќе се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ќе се радува.
2Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,
3зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења.
4Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков.
5Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие.
6Ќе положиш на него вечен благослов, развеселувајќи го со радоста на лицето Твое,
7зашто царот се надева на Господа и во милоста на Севишниот не се сомнева.
8Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги најде сите што Те мразат.
9Кога ќе се разгневиш, ќе ги направиш како огнена печка; гневот Господов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта.
10Ти ќе го уништиш плодот нивни од земјата, и семето нивно – меѓу човечките синови,
11зашто смислија против Тебе зло, се договорија, но не можеа ништо да направат.
12Ти ќе ги поставиш како цел, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно.
13Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ќе ја воспеваме и ќе ја прославуваме Твојата моќ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
