Броеви 30 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Законот за заветите.

1И им кажа Мојсеј на синовите Израилеви си, што му беше заповедал Господ.

2И им зборуваше Мојсеј на началниците од племињата на синовите Израилеви, велејќи: »Еве што заповеда Господ:

3ако некој Му вети нешто на Господа, или се заколне со клетва, или ја заложи душата своја, да не го оскверни зборот свој, туку да изврши си, што излегло од устата негова.

4Ако жена се заветува на Господа и си се зарече во татковата си куќа, во млади години,

5а таткото нејзин го чуе заветот и зарекувањето нејзино, што го наложила на душата своја, па го премолчи таткото нејзин тоа, тогаш сите нејзини ветувања, и секое нејзино зарекување, што си го наложила на душата своја, да ги исполни;

6ако таткото нејзин, кога ќе чуе, па и забрани, тогаш сите најзини завети, што си ги наложила на душата своја, да не се исполнуваат, и Господ ќе и прости, бидејќи таткото и ги забранил.

7Ако се омажи, пак е обврзана со завет, или со збор, излезен од устата нејзина, со која таа се обврзала,

8и чуе мажот нејзин, па, откако ќе чуе и он ги наложи на душата своја, исто така да се исполни;

9ако мажот нејзин, кога ќе ги чуе, и забрани и го отфрли заветот нејзин, што го дала, и зборот, излезен од устата нејзина, со кој таа се обврзала, тие да не се исполнат, бидејќи мажот и забранил и Господ ќе и прости.

10А заветот на вдовица и разведена, каков и да било зарек да си наложила на душата своја, да се исполни.

11Ако жена се заветувала во куќата на мажот свој, или со клетва си наложила на душата своја зарек,

12и мажот нејзин ја чул, а премолчал и не и го забранил, тогаш сите завети нејзини да се исполнат, и секое зарекување, што го наложила на душата своја, да се исполни;

13ако, пак, мажот нејзин, откако ги чул, ги отфрлил, тогаш сите завети нејзини, излезени од устата нејзина, и зарекување на душата нејзина, да не се исполнат; мажот нејзин ги уништил, и Господ ќе и прости.

14Секој нејзин завет и секоја клетва нејзина за смирување на душата своја, мажот нејзин може да го потврди, и мажот нејзин може да го отфрли.

15Ако мажот нејзин молчел одден наден, тој со тоа ги потврдил сите ветувања нејзини и сите зарекувања нејзини, со кои се обврзала, ги потврдил, зашто, откако ги чул, молчел за тоа;

16ако, пак, мажот ги отфрлил, откако ги чул, тој го примил врз себе гревот нејзин.«

17Тоа се наредбите, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја за односите меѓу мажот и жената негова, меѓу таткото и ќерката негова во млади години, во куќата на таткото свој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help