1Гневот и разумни погубува. Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува.
2На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупост им објавува.
3Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат лошите и добрите.
4Кроток јазик е дрво на животот, кој го запазува – ќе се исполни со дух.
5Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша изобличувања, благоразумен е. Во многу правда име голема сила, а нечесните ќе бидат искоренети од земјата.
6Во куќата на праведникот – обилни ризници, а имотот на нечесниот – пропаѓа.
7Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така.
8Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, а одговорите на праведните Му се благоугодни.
9На нечесниот патот е одвратност пред Господа, а кој ја бара правдата, Он го сака него.
10Казната на добриот сите ја гледаат, а кој го мрази изобличувањето – срамно завршува.
11Пеколот и пропаста се откриени пред Господа, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки?
12Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите.
13Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост – тоа е натажено.
14На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат.
15На измамник сите дни му се тажни; а на кого срцето му е весело, во него секогаш има гозба.
16Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир.
17Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.
18Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот расправии смирува. Трпеливиот караници смирува, а нечесниот ги разгорува.
19Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист.
20Мудар син го радува татка си, а безумниот – ја ожесточува мајка си.
21На малоумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат.
22Без советување намерите се расутраат, а при многу советници тие успеваат.
23Безумниот не слуша добар совет, а и не советува она што е добро за сите.
24Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси.
25Господ ќе го сотре домот на гордите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне.
26Помислите на лошите се одвратни пред Господа, а зборовите на непорочните Му се угодни.
27Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази подароци, ќе живее; со милостиња и чесност гревовите се чистат, а стравот од Господа запазува од гревот.
28Срцето на праведниот се поучува од верата, а устата на нечесните исфрла зло. Пријатни се пред Господа патиштата на праведните; преку нив и непријателите стануваат пријатели.
29Господ е далеку од нечесните, но ја слуша молитвата на праведните.
30Светол поглед срце радува, добра вест коски храни.
31Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее.
32Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој ја сака душата своја.
33Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.