1Синови Јудини: Фарес, Есром, Хармиј, Ор и Совал.
2Рада, Совалов син, го роди Јета; Јет го роди Ахимеја и Лада; од нив се родовите на Аратинците.
3А тие се синови Етанови: Језраил, Јесман, Јевдан, и сестрата нивна, по име Есијадесфон.
4Фануил, татко на Гедора, и Езер, татко на Осана. Тоа се синовите на Ора, првенец Ефратов, татко Витлеамов.
5Асор, таткото на Текоа, имаше две жени: Хала и Мара.
6Мара му ги роди Ахаза и Адера, Темана и Астира, тоа се синовите од Мара.
7Синови од Хала: Серет, Саар и Естанам.
8Кос го роди: Енова и Совива и родовите на Рихава, Јаримов син.
9Јавис беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јавис, велејќи: го родив со болки.
10И повика Јавис кон Бога Израилев, велејќи: »О, да ме благословеше со Твоето благословие, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!« И Бог му го даде она за што молеше.
11А Хелув, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ешона.
12Асатон го роди Сатрафа, Сефија и Тана, татко на градот Нас, брат на Селома Кенезеецот и на Ахава; тоа се жителите на Рихавави.
13Синови Кенезеови: Готонил и Сараја, син Готонилов: Атат.
14Манатај го роди Гофора, а Сараија го роди Јорама, таткото на оние што живееја во долината на дрводелците, зашто беа дрводелци.
15Синови на Халева, Јефонин син: Ир, Ила и Нам. Син на Ила: Кенез.
16Синови на Амелима: Зиф, Зефа, Тирија и Есерил.
17Синови Езрови: Јетер, Морад, Авфер и Јамон; Јетер, пак, го роди Марона, Семеја и Јесевоја, таткото на Гедар, таткото на Естамона.
18А жена му Адија го роди Јареда, Гедоров татко, и Авера, татко на Сохо, и Ехтила, татко на Занона. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Ветија, што ја беше зел Морил.
19Синови на жена му Одија, сестра Новамова, татко Келиов: Гармиј и Есдемон од Махата.
20Синови Симеонови: Амнон, Рамнон, син Ананов и Тимнонов. Синови Ишиеви: Зохев и Бензохет.
21Синови на Силома, син Јудин: Ир, татко на Леха и Лаеда, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Ашбеевиот дом,
22и Јоким, и жителите на Хозева, и Јоаш, и Сараф, коишто имаа владение во Моав, и Јашувилехем; но тоа се дамнешни работи.
23Тие беа грнчари, живеејќи и во градините и овшните градини; живееја таму при царот, за да му работат.
24Синови Симеонови: Немуил, Ламин, Јарив, Зерах и Саул.
25Негов син Шалум; негов син Мивсам; негов син Мишма.
26Синовите на Мишма: Хамуил, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Семеј.
27Семеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28Тие живееја во Вирсавија, во Савата, во Монада и во Есерсуал,
29во Валај, во Асем, во Толад,
30во Ватуил, во Ерма, во Сикел,
31во Вертшаринот, во Имисусес и домот Варусеорим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давида,
32со селата нивни: Етам, Аин, Рамнон, Токан и Есар, – пет градови,
33и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.
34А Месовав, Јамлех и Јосија, син на Амасија,
35Јоил и Јеху, син на Јошива, син на Сераија, син Асиилов,
36Елиоенај, Јакова, Ишохаија, Асаија, Адиил, Ишимиил и Ванеја,
37и Зиза, син на Сафеја, син на Алона, син на Једаија, син на Шимрија, син Шемаиев, –
38сите овие споменати беа кнезови над своите родови, и домот на татковците нивни се расклони многу.
39Тие одеа до Герара и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои;
40и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано во нив живееја малкумина од Хамовците.
41Па дојдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
42А од нив, од Симеоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сир; кнезови им беа: Фалтија, Ноадија, Рафаија и Озиил, синови Јесови,
43и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.