1Еве го распоредот на вратарите: од Кореевците: Моселемија, Кореев син, од синовите Асафови.
2Синови Моселемиеви: првороден Захарија, втор – Јадиил, трет – Завадија, четврти – Јатанаил,
3петти – Олам, шести – Јонатан, седми – Елионај.
4Синови Авдедови: првороден Самија, втор – Јозават, трет – Јоат, четврти – Сахар, петти – Ротануил,
5шести – Амиил, седми – Исахар, осми – Фелатиј, зашто Бог го беше благословил.
6На синови негов Самија му се родија исто така синови, кои беа началници во родот свој, бидејќи беа мажи силни.
7Синови Семееви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и Јахија и неговите браќа, мажи храбри: Елија, Савахија и Исваком.
8Сите тие беа од синовите на Авдедома; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Авдедом ги имаше шеесет и двајца.
9Моселемиј имаше синови и браќа, мажи способни – осумнаесет.
10Осиј, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Симриј, старешина, иако не беше првенец, но татко му го беше поставил за старешина;
11втор – Хелкија, трет, – Тавелија, четврти – Захарија; сите синови и браќа на Оса беа тринаесет.
12Тоа беше распоредот на вратарите според старешините на родовите, способни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов.
13Тие фрлија жреб, како малиот, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата.
14Жребот за источната му се падна на Селимија; фрлија жреб и за синот негов Захарија, умен советник, и жребот му се падна за северната.
15На Авдедома – за јужната, а на синовите негови – при ризниците.
16На Есефеима и на Оса на запад при Салехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.
17Кон исток имаше по шестмина левити, кон север – по четири, кон југ – по четири, а при ризниците – по двајца.
18Кон запад на патот при тремот – по четири, а при самиот трем – по двајца.
19Тоа беше распоредот на вратарите од синовите Корееви и синовите Мерариеви.
20А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и на ризницата на посветените работи.
21Меѓу синовите на Ладана, Гирсонов син, меѓу старешините на домовите од Ладана Гирсонски, беше Јехиел.
22И синовите Јехиелови: Земет и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,
23заедно со потомците на Амврама, Исара, Хеврона и Озиила.
24Суваил, син на Герсона, Мојсеев син, беше старешина на ризниците.
25Брат му Елиезер имаше син Равија, а тој – син Јосија, а тој – син Јорам, а тој – син Зехриј, а тој – син Саломот.
26Саломот и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите работи, што ги беше посветил царот Давид и кнезовите и илјадниците, стотниците, и војводите на војската.
27Од војните и од пленот тие посветуваа за одржување на домот Господов.
28И сѐ, што беше посветил Самуил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Авенир, синот Ниров, и Јоав, синот Саруев, сето посветено беше под рацете на Саломота, и браќата негови.
29Од родот Исаров: Хонанија и синовите негови беа одредени за надворешна служба во Израилот, за писари и судии.
30Од родот Хевронов: Асавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израилот, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.
31Во родот Хевронов Урија беше началник на Хевроновците, во нивните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазир Галадски.
32И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа началници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и полуплемето Манасиево за сите Божји и царски работи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.