Неемија 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Народот го слуша читењето на Законот. Празникот Сеници.

1Кога настана седмиот месец, и синовите Израилеви живееја по градовите, се собра сиот народ како еден човек на плоштадот, што е пред Водните порти, и му рекоа на книжникот Ездра, да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израилот.

2И свештеникот Ездра го донесе Законот пред собранието од мажи, жени и сите, што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;

3и читаа од него на плоштадот, што е пред Водните порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и ушите на сите луѓе беа насочени кон книгата на Законот.

4Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Мататија, Сема, Ананија, Урија, Хелкија и Масија, а лево од него – Федаија, Мисаил, Малхија, Асум, Асвадан, Зарахија и Месулам.

5Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.

6Тогаш Ездра го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете угоре, клањајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господа.

7А Исус, Ванаја, Саравија, Акан, Саватеј, Камтас, Азарија, Јозавадан, Анифанес и левитите му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои.

8И читаа разбирливо од книгите, од Законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.

9Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го чуваа народот, му рекоа на сиот народ: »Овој ден е свет пред Господа, вашиот Бог; не тажете и не плачете,« – зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.

10И им рече: »Одете, јадете... мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господа е поткрепа за вас.«

11И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: »Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.«

12И појде сиот народ да јаде и да пие и да испраќа делови и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите, што им ги кажаа.

13На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите при книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на Законот.

14И го најдоа напишаното во Законот што Господ го беше дал преку Мојсеја, дека на празникот во седмиот месец синовите Израилеви треба да живеат во сеници.

15Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: »Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива малина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја, за да направите сеници според запишаното.«

16Отиде народот и донесоа, та си направија сеници, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот при Водните Порти, и на плоштадот при Ефремовите Порти.

17Целото општество од оние, што се беа вратиле од пленство, направи сеници и живееја во сеници. Од дните на Исуса, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израилеви. Радоста беше многу голема.

18И читаа во книгата на Законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help