Исаија 38 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Болеста и оздравување на царот Езекија. Езекија Го прославува Господа.

1Во тие дни Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амосов, и му рече: »Вака вели Господ: направи завет за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.«

2Тогаш Езекија се сврте со лицето кон ѕидот и се помоли на Господа велејќи:

3»О, Господи! Сети се, дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи.« И силно заплака Езекија.

4И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено:

5»Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на татка ти Давида: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години,

6ќе те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ќе го зачувам тој град.

7И, еве ти знак од Господа, дека Господ ќе го исполни словото, што го изрече.

8Еве, ќе ја вратам десет стапки назад сончевата сенка, која мина по стапките Ахазови.« И се врати сонцето десет стапки по стапките, по кои тоа слегуваше.

9Молитвата на јудејскиот цар Езекија, кога беше болен и оздраве од болеста:

10»Си реков во себеси: кога ги преполовив дните свои, треба да влезам во портите на пеколот; јас сум лишен од остатокот на годините свои.

11Јас реков: нема да Го видам Господа, Господа во земјата на живите; нема да видам повеќе човек меѓу оние што живеат во светот;

12моето живеалиште се симна од местото и се оддалечени од мене како овчарски шатор; како ткаач треба да го пресечам животот свој; Он ќе ме отсече од основа; дење и ноќе чекав, дека Ти ќе пратиш смрт.

13Чекав до утрото; како лав Он ги кршеше сите мои коски; ден и ноќ чекав дека ќе ми испрати смрт.

14Како жерав, како ластовичка испуштав гласови, како гулаб тагував; очите мои гледаа кон небото: Господи, притеснет сум, спаси ме.

15Што да кажам? Тој ми рече, и Тој направи. Мирно ќе ги поминам сите години на животот свој, помнејќи ја тагата на душата своја.

16Господи, така живеат, и во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух; Ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот.

17Ете, за добро ми беше силната тага, Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови.

18Зашто не пеколот Тебе Те слави, не смртта Тебе те восфалува, не слезените во гроб се надеваат на Твојата вистина.

19Живите, само живите ќе Те прослават, како јас сега; таткото ќе им ја соопшти на децата Твојата вистина.

20Господ ќе ме спаси; и ние во сите дни на нашиот живот со звуците на моите жици ќе пееме песни во домот Господов.«

21Тогаш рече Исаија: »Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги стават врз чирот; и царот ќе оздрави.«

22А Езекија рече: »Кој е знакот, дека ќе отидам во домот Господов?«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help