Левит 20 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Казни и разни големи гревови.

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Кажи им на синовите Израилеви, говорејќи: ако некој од синовите Израилеви или од придојдените, кои живеат меѓу Израилците, му даде жртва на Молоха од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие.

3И Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов, затоа што му дал на Молоха жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се оскверни името на оние што сум ги осветил.

4И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ќе му даде ма Молоха жртва од своите деца, и не го убие,

5тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и неговиот род, ќе ги истребам и сите едномисленици, што ќе го следат во блудството негово со идолите на тој народ.

6И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин.

7Бидете свети, зашто Јас, вашиот Господ Бог, сум свет.

8Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, оти Јас сум Господ, Кој ве осветува.

9Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е.

10Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој – да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката.

11Кој ќе легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татка си; обајцата да бидат убиени; виновни се.

12Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело – виновни се.

13Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се.

14Ако некој се ожени со ќерка или мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и таа, за да нема беззаконие меѓу вас.

15А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени – виновни се.

16И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното – да умрат, виновни се.

17Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата ќерка, или мајкината ќерка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја – затоа ќе го прими гревот свој врз себе.

18Ако некој легне со жена кога е нечиста од излив на крв, и ја открие голотијата нејзина, изливот на нејзината крв, и таа го открие изливот на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој.

19Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто тој открива родбинска голотија, тие гревот свој ќе го носат врз себе.

20И ако некој легне со роднина своја, тој ја открил Голотијата на родот свој: нека умрат без деца.

21Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ќе умрат без деца.

22Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги – и нема против вас да вознегодува земјата, во која ве водам да живеете во неа.

23Не постапувајте според законите на незнабошците што ќе ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа, Јас вознегодував против нив,

24и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и вам ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи.

25Правете разлика меѓу чист и нечист добиток, и меѓу чиста и нечиста птица, и не ги осквернувајте душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто.

26Ќе ми бидете свети, затоа што сум Јас, Господ вашиот Бог, свет, Кој ве одделив од сите народи за да бидете Мои.

27Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help