Броеви 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Племето Ароново. Левитската служба. Откуп на првенците.

1Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај.

2Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар.

3Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.

4Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа туѓ оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона.

5И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

6»Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат;

7и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата;

8и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.

9И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви.

10А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и сѐ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.«

11И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

12»Ете, Јас ги зедов левитите меѓу синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои,

13бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ.«

14И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејќи:

15»Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј си од машки пол од еден месец, и нагоре!«

16И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано.

17Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари.

18А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј.

19И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил.

20И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни:

21Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците.

22Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини.

23Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад.

24Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов;

25на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото,

26оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови.

27Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците;

28Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето.

29Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;

30а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов;

31тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи.

32Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето.

33Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови;

34сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте;

35началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна;

36на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство,

37столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.

38А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој туѓинец, се доближеше, биваше убиен.

39Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.

40И му рече Господ на Мојсеја: »Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;

41и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, – Јас сум Господ, – а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви.«

42И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви;

43и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади и двесте и седумдесет и три.

44И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

45»Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.

46А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите,

47земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла,

48и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број.«

49И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите.

50Од првородените Израилеви синови зеде сребро илјада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла;

51и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help