1 Царства 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јонатановото херојско дело.

1Потоа Самуил му рече на Саула: »Господ ме испрати да те помажам за цар над Неговиот народ, над Израилот; а сега чуј го гласот Господов.

2Така говореше Господ Саваот: ‚Си спомнав на она, што Амалик му го направи на Израилот, како тој му се испречи на патот кога тој доаѓаше од Египет.

3Оди сега и порази го Амалика и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел.‘«

4Го собра тогаш Саул неродот и го преброи во Галгал; и тие двесте илјади Израилци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.

5И дојде Саул до Амаликовите градови и постави заседа во потокот.

6Па им рече Саул на Кенејците: »Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликовците, за да не ве погубам со нив, бидејќи вие покажавте благонаклоност спрема сите Израилци кога доаѓаа од Египет.« И Кенејците се одделија од Амаликијците.

7И Саул го порази Амалика од Евил до пределите на Сур, што е пред Египет;

8и го зароби жив амаликијскиот цар Агага, и сиот народ го истреби со меч и Јерима го уби.

9Но Саул и народот го поштедија Агага и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сето добро, кое не сакаа да го истребат, а го истребија сето лошо и безвредно.

10И дојде словото од Господа, кон Самуила вакво:

11»Жалам, што го поставив Саула за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.« Се натажи Самуил многу, викаше кон Господа цела ноќ.

12А изутрината рано Самуил стана и отиде да го пресретне Саула. И му јавија на Самуила, дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму ја свртил колата и слегол во Галгал.

13Кога Самуил дојде при Саула, Саул му рече: »Благословен да си од Господа; јас го исполнив зборот Господов.«

14Но Самуил рече: »А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови, што го слушам?«

15Саул одговори: »Ги дотераа од Амалика, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господа, твојот Бог; а другото го истребивме.«

16Самуил му рече на Саула: »Почекај да ти јавам, што ми кажа Господ ноќеска.« А Саул му рече: »Кажувај.«

17Тогаш Самуил рече: »Зар не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израилот?

18И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и истреби ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘

19Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господа?«

20Саул му одговори на Самуила: »Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликијскиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив;

21а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното, за да му принесе жртва на Господа, твојот Бог, во Галгал.«

22Самуил одговори: »Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо;

23зашто непокорноста и исто таков грев, какво што е вражањето, а упорноста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господа, затоа и Он те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.«

24И Саул му кажа на Самуила: »Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господа и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.

25А сега земи го од мене мојот грев и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, твојот Бог.«

26А Самуил му одговори на Саула: »Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.«

27Самуил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.

28Тогаш Самуил рече: »Денес Господ го одзеде царството Израилево од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.

29Светецот Израилев нема да каже неправда, ниту ќе се покае, бидејќи Он не е човек, та да се покае.«

30И рече Саул: »Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израилот, и врати се со мене, и јас ќе Му се поклонам на Господа, твојот Бог.«

31Самуил се врати по Саула, и Саул Му се поклони на Господа.

32Потоа Самуил рече: »Доведете ми го амаликијскиот цар Агага.« Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: »Горчината на смртта, секако, одмина!«

33Но Самуил рече: »Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нака биде лишена од син.« И го исече Самуил Агага пред Господа во Галгал.

34Самуил отиде во Арматем, а Саул отиде во домот свој во Гава Саулова.

35И Самуил веќе не се виде со Саула до денот на смртта своја; но Самуил тагуваше по Саула, бидејќи Господа се беше покајал, што го зацари Саула над Израилот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help