Јеремија 38 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јеремиј го фрлаат во јама.

1Сафатиј, синот Матанов, Годолиј, синот Пасхоров, Јухал, синот Селемиин, и Пасхор, синот Малхиев ги чуја зборовите, што ги кажа Јеремија пред народот, откако рече:

2»Вака вели Господ – оној, што ќе остане во овој град, ќе умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ќе појде при Халдејците, ќе биде жив, и неговата душа ќе му биде заменета место грабеж, и тој ќе остане жив.

3Така вели Господ – овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе.«

4Тогаш кнезовите му рекова на царот: »Овој човек нека биде предаден на смрт, оти влијае да ослабат рацете на војниците, што ќе останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги кажа тие зборови; бидејќи овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.«

5И рече цаот Седекиј: »Ете, тој е во ваши раце, бидејќи царот не може ништо да направи против вас.«

6Тогаш го фатија Јеремија и го фрлија во јамата на Мелхија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го пуштија Јеремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Јеремија падна во тињата.

7И чу Авдемелех Етиопјанинот, еден од дворјаните, што се наоѓаше во царскиот дом, дека Јеремија го фрлиле во јамата, а царот тогаш седеше пред портите Венијаминови.

8Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот:

9»Господаре мој, царе, лошо ти направија оние луѓе што така постапија со пророкот Јеремија, кого го фрлија во јамата; тој ќе умре таму од глад, оти во градот веќе нема леб.«

10Царот му заповеда на Авдемелеха Етиопјанинот и рече: »Земи со себеси одовде триесетина луѓе и извлечи го пророкот Јеремија од јамата, додека уште не умрел!«

11Авдемелех зеде со себе луѓе и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата при Јеремија.

12И му рече Авдемелех Етиопјанинот на Јеремија: »Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето.« И Јеремија направи така.

13Па го повлекоа Јеремија со јажето и го извлекоа од јамата. И остана Јеремиј во стражарницата.

14Тогаш царот Седекиј прати, па го повика при себе Јеремија, при третиот влез за во домот Господен; и му рече на Јеремија – »Ќе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.«

15И му рече Јеремија на Седекија: »Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.«

16И му се заколна тајно царот Седекиј на Јеремија, велејќи: »Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние луѓе, што ја сакаат душата твоја.«

17Тогаш Јеремиј му рече на Седекија: »Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев – ако отидеш при кнезовите на вавилонскиот цар, душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, а и домот твој;

18ако, пак, не појдеш при кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни.«

19И му рече царот Седекија на Јеремија: »Се плашам од Јудејците, кои појдоа при Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.«

20И му рече Јеремија: »Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ќе ти биде добро, и жива ќе остане душата твоја.

21Ако, пак, не сакаш да појдеш еве го словото, што ми го откри Господ:

22ете, сите жени, што ќе останат во домот на јудејскиот цар, ќе бидат одведени при кнезовите на вавилонскиот цар, и ќе речат: ‚тебе те излагаа и те победија твоите пријатели; нозете твои потонаа во тиња, а тие побегнаа од тебе,

23и сите твои жени и децата твои ќе ги одведат при Халдејците, и ти не ќе можеш да избегаш од рацете нивни; ти ќе бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ќе направиш овој град да биде изгорен со оган.‘«

24И му рече Седекија на Јеремија: »Никој да не ги знае овие зборови, и тогаш ти нема да умреш;

25ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат при тебе и ти речат – кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот,

26тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме враќа во домот на Јонатана, па да не умрам таму.«

27И дојдоа сите кнезови при Јеремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал царот да каже, и тие молчешкум го оставија, бидејќи не го разбраа она што му беше речено на царот.

28И остана Јеремија во стражарницата до денот, во кој Ерусалим беше преземен. И Ерусалим го презедоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help