1Неисправните мерила се одвратни пред Господа, а точните мерки Нему Му се угодни.
2Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените. Праведниот, умирајќи остава сожалување; а смртта на нечестивите е ненадејна и радосна.
3Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби.
4Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт.
5Правдата на непорочниот го израмнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност.
6Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уловувани од своето беззаконие.
7Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува.
8Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот.
9Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење.
10Кога праведниците благословуваат, градот напредува, а преку устата на нечестувите се разрушува.
11Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разурушува.
12Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот човек молчи.
13Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.
14Каде нема советување, неродот опаѓа, спасението е во многу советници.
15Кој што презема јамство за друг, зло си донесува, а кој го мрази јемството, тој е во безопасност.
16Добрата жена ја зголемува славата на мажот свој, а жената, која ја мрази правдата, е врв на нечесноста. Мрзливите се немоќни, а трудољубивите се здобиваат со богатство.
17Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое.
18Нечестивиот врши измамлива работа, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска.
19Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја.
20Подмолните по срце се одвратни пред Господа, а неопрочните во својот пат Нему Му се благоугодни.
21Можеш со сигурност да речеш, дека порочниот нема да остане неказент, а семето на праведните ќе се спаси.
22Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.
23Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев.
24Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е штедлив, и пак е сиромав.
25Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.
26Кој задржува храна за себеси, него народот го проколнува; а кој ја продава – врз главата негова стои благослов.
27Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа.
28Кој се надева на богатството свое, ќе падне; а кој се застапува за праведниците, тој ќе напредува.
29Кој ја расипува куќата своја, ќе наследи ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот.
30Плодот на праведникот е дрво на животот, а безбожниците предвреме ќе бидат земени.
31Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешникот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.