Левит 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Закон за жртвите за грев и за престап.

1»А кога некој згреши со тоа што изрекол клетва и така станал сведок, или видел или дознал, па не кажал, тој го носи својот грев.

2Или, ако некој се допре до каквагоде нечиста работа, или до мртво, или до нечиста ѕверојадина, до гнасотија од мрша, или до мрша од нечисти животни, или до изгинати гадинки, со тоа тој се осквернува;

3или ако се допре до некоја нечистотија човечка, било која нечистотија негова, со неа се осквернува, знејќи или не знаејќи, и виновен е за грев.

4А ако некој изјави со устата своја дека ќе направи нешто лошо, или добро, а за која и да било работа, како што ги прават тоа луѓето под клетва, а не ја направи, и потоа се узнае, виновен ќе биде за една од тие работи.

5Кога ќе го признае, пак, гревот свој,

6нека Му принесе на Господа за гревот, што го направил: млада овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот нека се помоли поради гревот негов што го направил и ќе му се прости.

7Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господа како дар за гревот, со кој згрешил: две грлици или две гулапчиња – едно како жртва за гревот, а другото како жртва сепаленица.

8Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го истргне вратот, но главата да не ја откинува.

9И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крвта што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев.

10А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; а свештеникот нека се помоли поради гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.

11А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една десетина од мерката ефа пченично грашно за да биде жртва за гревот, а нека не додава елеј и нека не става кадиво, зашто жртвата е за грев.

12И кога ќе го донесе кај свештеникот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен нејзин, и нека го изгори на жртвеникот за сепаленици како жртва огнена на Господа, бидејќи е жртва за грев.

13И да се помоли свештеникот поради гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му прости; а остатокот ќе биде за свештеникот како подарок, како жртва од пченично брашно.«

14Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

15»Кој ќе заборави, па згреши не сакајќи во работите посветени на Господа, нека Му принесе дар на Господа за престапот свој овен без недостаток од овците, ќе се оцени светата работа во сикли сребрени, според сиклите свети, според престапот.

16И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа уште нека додаде петти дел, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прости.

17Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и – ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев.

18Нека му доведе на свештеникот како жртва за грев овен здрав од овците, според процена во сребро, а свештеникот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, бидејќи згрешил пред Господа, и ќе му се прости.

19Тоа е жртва за грев: згрешил пред Господа.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help