1. Коринтјаните 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За духовните дарови и за нивната употреба.

1А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете.

2Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте при немите идоли, како да ве водеа.

3Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух.

4Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист;

5има разни служби, но Господ е еден и ист;

6и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши сѐ во сѐ.

7А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;

8оти, на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг – збор на знаење, преку истиот Дух;

9на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дар за лекување, преку истиот Дух;

10на еден – да чини чуда, на друг – да пророкува, на еден – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на трет – да толкува јазици.

11Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака.

12И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос.

13Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.

14Оти и телото не се состои од еден орган, туку од многу.

15Ако ногата рече: бидејќи не сум рака, не сум од телото, зар само заради тоа таа не е од телото?

16И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум од телото, зар поради тоа увото не е од телото?

17Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисањето?

18Но Бог ги наредил органите, секој од нив во телото така, како Му било угодно.

19Ако сите тие би биле само еден орган, тогаш каде е телото?

20А сега се, пак, многу органи, но сепак едно тело.

21И не може окото да ѝ рече на раката: »Не си ми потребна«, ниту, пак, главата на нозете: »Не сте ми потребни«.

22Напротив, оние органи од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;

23и на оние членови на телото, за кои сметаме дека се понеугледни, им оддаваме повеќе чест;

24и нашите понеугледни органи имаат поголема чест: угледните, пак, органи немаат потреба од чест. Но Бог го направи и телото така, што на најнезначајните органи им дал најголема чест,

25за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други.

26А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи; и кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи.

27Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.

28И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици.

29Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?

30Сите ли имаат дарби да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?

31Покажувајте ревност за поголеми дарби; а јас ќе ви покажам уште подобар пат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help