1Имаше еден човек од Ефремова гора, по име Миха.
2Тој ѝ рече на мајка си: »Илјада и сто сикли што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов.« Мајка му рече: »Багословен нека биде синот мој пред Господа!«
3И тој ги врати на мајка си илјадата и сто сикли сребро. И мајка му рече: »Тоа сребро го посветив од себеси на Господа за мојот син, за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.«
4Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му ги зеде двесте сикли сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, кој стоеше во домот на Миха.
5И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои, за да му биде свештеник.
6Во тие денови Израилот немаше цар; затоа секој го правеше она што го сметаше за право.
7Тогаш живееше таму еден младич, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено;
8тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено, за да преживее каде што ќе најде место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата гора, до домот на Миха.
9И Миха го запраша: »Од каде доаѓаш?« А тој му одговори: »Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да поживеам, каде што ќе најдам место.«
10А Миха му рече: »Остани кај мене и биди ми татко и свештеник; ќе ти давам годишно по десет сикли сребро, потребната облека и исхрана.«
11Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тој момок му беше како син.
12Миха го посвети левитот, и тој момок му беше свештеник и живееше во домот на Миха.
13И Миха си рече: »Сега знам дека Господ ќе ми прави добро, зашто имам левит свештеник.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
