1И би слово Господово до мене:
2»Зошто употребувате во Израилевата земја поговорка, велејќи: ‚татковците јадеа кисело грозје, а на децата забите им фаќаат оскомина?‘
3Жив да сум, Јас, вели Господ Бог: – во иднина нема да ја кажуваат таа поговорка во Израилот.
4Оти, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ќе умре.
5Ако некој е праведен и врши суд и правда,
6по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува и до жената своја, кога се чисти од својата нечистотија не се приближува;
7никого не присилува, на должникот му го враќа залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и голиот го облекува во облека,
8под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд меѓу човек со човек;
9постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби – тогаш тој е праведник, тој секако ќе биде жив, вели Господ Бог.
10Но, ако му се роди син разбојник, кој пролива крв и врши нешто што и да е слично на тоа,
11кое тој сам никако не вршел и по планини јаде жртвено, и жената на ближниот ја осквернува,
12беден и сиромав присилува, одзема насила, залог не враќа и кон идолите ги врти очите, тој врши гадотија;
13дава под лихва и зема лихва, – па зар ќе биде тој жив? Не, тој нема да биде жив. Кој ги врши сите тие гадни работи, тој бездруго ќе умре, крвта негова ќе биде врз него.
14Но, ако некому му се роди син, кој, гледајќи ги сите тие гревови на својот татко, какви што ги вршел, па гледа – и не врши слични работи:
15по планини жртвено не јаде, кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува
16и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му дава на гладен и гол со облека облекува,
17врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите повелби, тој нема да умре заради гревовите на татка си: тој ќе биде жив.
18А татко му, бидејќи жестоко притискал, братот го ограбувал, и вршел лоши работи кај народот свој, ете – тој ќе умре поради своето беззаконие.
19Вие велите: ‚зошто, пак, синот не ја сноси вината на татка си?‘ Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги извршува: тој ќе биде жив.
20душа, која згрешила, ќе умре; синот нема да го понесе гревот на татка си, и таткото нема да го понесе гревот на сина си, правдата на праведниот при него си останува и беззаконието на грешникот при него си останува.
21И грешникот, ако се одврати од сите свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ќе биде жив, нема да умре.
22Сите негови престапи, какви што правел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ќе ја врши, тој ќе биде жив.
23Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам – тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив.
24И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ќе биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре.
25Но вие велите: ‚не е исправен патот Господен‘. Послушајте, доме Израилев, зар Мојот пат не е исправен? Зар патиштата ваши не се неисправни?
26Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и затоа умира, тој умира поради гревот што го направил.
27И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па извршува суд и правда – ќе ја врати душата своја кон живот.
28Оти тој видел и се откажал од сите свои пресатпи, какви што направил: ќе биде жив, нема да умре.
29А домот Израилев вели: ‚не е прав патот Господен!‘ Не се ли прави доме Израилев, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта?
30Затоа Јас ќе ви судам вам, доме Израилев, секого според делата негови, вели Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето нечестие да не ви биде вам сопка.
31Отфрлете ги од себе сите свои гревови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате? – доме Израилев.
32Оти, Јас не ја сакам смртта на оној што умрел, вели Господ Бог; но поправете се – и живејте!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.