Псалми 36 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Напредокот на безбожниците не треба да ги ожесточува праведниците.

1Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие,

2зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелено растение набргу ќе свенат.

3Надевај се на Господа и прави добро; живеј на земјата и таа ќе те храни изобилно.

4Утешувај се со Господа, и Он ќе ти даде срцето срцето твое што ќе посака.

5Откриј го патот свој пред Господа и на Него надевај се и Он ќе изврши сѐ;

6и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне.

7Покори Му се на Господа и моли Го усрдно. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.

8Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу – самиот да не правиш зло,

9зашто оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата.

10Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.

11А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.

12Грешникот ќе демнее на праведниот и ќе чкрта со забите против него,

13но Господ ќе го измее, зашто однапред гледа, дека му се ближи крајот.

14Грешниците ги вадат мачевите, го оптегнуваат лакотсвој, за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние, што се со чисто срце.

15Но мечот нивни нека се забие во нивното срце, и лаковите нивни нека се скршат.

16Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците.

17Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува.

18Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ќе биде вечно:

19во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити;

20зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема заедно со нивната слава и величие; ќе исчезнат како дим.

21Грешникот зема на заем и не може да врати, а праведникот е милостив и дава,

22зашто оние, кои Господа Го благословуваат, ќе ја наследат земјата, а кои Го проколнуваат, ќе бидат истребени.

23Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта:

24кога треба да падне, нема да се разбие, зашто Господ ќе го држи.

25Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник ниту потомците негови леб да просат;

26тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено.

27клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно;

28зашто Господ ја сака правдата и не ги остава праведниците Свои; нив вечно ќе ги чува. А беззакониците ќе бидат исфрлени и потомството на безбожниците ќе биде истребено.

29Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно.

30Устата на праведникот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда.

31Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат;

32грешникот го демне праведникот и бара да го убие;

33но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден.

34Надевај се на Господа и пази ги Неговите патишта; Он ќе те воздигне, за да ја наследиш земјата; и ќе го гледаш истребувањето на грешниците.

35Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедрите ливански.

36Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов.

37Чувај ја незлобивоста и пази ја правдата, зашто наследството на таков човек е мир;

38а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре.

39Спасението, пак, на праведниците доаѓа од Господа и Он е нивни заштитник во тешко време;

40и ќе им помага Господ и ќе ги избави; ќе ги одбере од грешниците и ќе ги запази, зашто на него се надеваат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help