1Ќе се развесели пустињата и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин;
2прекрасно ќе цути и ќе се радува, ќе ликува и ќе се весели; славата на Ливан ќе му се даде, великолепието на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат славата на Господа, величината на нашиот Бог.
3Закрепнете ослабени раце и зајакнете колена што треперите;
4кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, вашиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Он ќе дојде и ќе ве спаси.
5Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат;
6тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее; зашто води ќе бликнат во пустињата, и потоци во степите.
7И водниот привид ќе се претвори во езеро, а жедната земја – во водни извори; во живеалиштето на шакалите, каде што тие се одмараат – ќе стане место за трска и рогозина.
8И таму ќе има друм, и патот по него ќе се нарече свет пат; нечистиот нема да оди по него; тој ќе биде само за нив; оние што одат по тој пат, дури и неискусните – нема да се загубат.
9Лав нема да има таму, и лута ѕверка нема да се качува по него; тој нема да се најде таму, и ќе одат само откупените.
10Ќе се вратат избавените од Господа, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе се оддалечат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
