1Смилуј се Боже, на мене, зашто човек сака да ме голтне; напаѓајќи секој ден, ме притиска.
2Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напаѓаат со гордост.
3Кога страв ќе ме спопадне дење, на Тебе се надевам.
4Во Бога ќе ги фалам зборовите свои; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек?
5Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло.
6Се собираат и се кријат, ги набљудуваат петите мои, упорно работат против мојот живот.
7Нема за што да ги спасуваш, Боже, Со гнев Боже, собери ги народите.
8Боже, Ти го знаеш животот мој, солзите мои Си ги ставил пред себе – како во заветот Твој.
9Непријателите мои ќе се врататназад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Ти си Бог мој.
10Со Бога се фалам за Неговото слово. Со Господа се фалам за зборот Негов.
11На Бога се надевам, не се плашам; што може да ми направи човекот?
12Во мене се, Боже, благодарствените молитви мои кон Тебе, кои ќе Ти ги упатам.
13Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да благоугодам пред Бога во светлината на живите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
