Римјаните 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Оправдувањето преку вера се потврдува со примерот Авраамов и сведоштвото на Давида.

1Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?

2Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.

3Оти, што вели Писмото? – »Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.«

4На оној што работи платата му следува не по милост, туку по долг.

5Напротив, оному, кој што не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, верата му се прима како оправдание.

6Така и Давид го наречува оној човек блажен, кому Бог му прима оправдание без дела по Законот, велејќи:

7Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8блажен е оној човек, кому Бог нема да му прими за грев!

9Ова блаженство, пак, за обрезание ли е или за необрезание? Бидејќи велиме дека на Авраама му беше примена верата како оправдание.

10Кога му се прими: по обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.

11И знакот на обрезанието тој го доби како печат на оправдување преку верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним да им се прими како оправдување,

12и татко на обрезаните, но не на оние, кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше пред обрезанието.

13Бидејќи ветувањето кон Авраама или кон семето негово – да биде наследник на светот, се даде не преку Законот, туку преку оправдување со посредство на верата.

14Ако приврзаниците на Законот се наследници, верата е обессилена, и ветувањето уништено;

15оти Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престапување.

16Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нам

17според напишаното: »Те поставив татко на многу народи« – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го вика она што не е како да е.

18Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: »Такво ќе биде твоето потомство.«

19И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе умртвено, оти беше тукуречи стогодишен, и дека утробата Сарина е веќе во умртвување;

20и во ветувањето Божјо не се посомни со неверие, туку остана тврд во верата, и Го прослави Бога,

21наполно уверен дека Он е силен и да го изврши она, што го ветил.

22Затоа тоа му се прими како оправдание.

23Но, не само за него е напишано дека му се прими,

24туку и за нас: ќе ни се прими, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса Христа, нашиот Господ,

25предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help