Мудрост Сирахова 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Одмаздата е неминовна.

1Не пожелувај многу невредни деца; не радувај се на синови безбожни. Не радувај се кога се намножуваат, ако во нив страв Господов нема.

2Не надевај му се на нивниот живот, и не потпирај се на нивниот број.

3Подобро е и еден праведник, отколку илјада грешници;

4подобро е бездетен да умреш, отколку безбожни деца да имаш.

5Зашто од еден разумен човек град се населува; а племето на безбожните ќе запусти.

6Многу вакви работи видело окото мое, а за уште повеќе увото мое слушало.

7Во собир на грешници оган ќе се разгори, како што и кај непокорен народ гнев се распалувал.

8Бог не се смилува над древните џинови, кои се надеваа на својата сила и во гордоста своја од Него отстапија.

9Не ги поштеди ни сограѓаните Лотови; и од нив се одврати поради гордоста нивна.

10Не помилува ни народ погибелен, со гревовите свои којшто се гордееше.

11Ни шестотините илјади луѓе, коишто загинаа поради жестокоста на своето срце; и да беше само еден непокорен, чудно ќе беше ако останеше неказнет;

12зашто и милоста и гневот се под Негова власт: силен е Бог да помилува и да излие гнев.

13Како што е голема милоста Негова, така е строго и неговото изобличување; на човекот му суди според неговите дела.

14Не останува без казни грешникот со грабеж, ниту е залудна трпеливоста на праведникот.

15Широк е патот на Божјата милост; секој ќе добие според своите дела.

16Не вели: »Ќе се сокријам од Господа; зар некој од висините ќе си спомне за мене?

17Во толку народ нема да ме забележи; што сум јас во овој бескраен свет?

18Ете, небото и небото над небесата, бездната и земјата треперат од Неговата посета.

19Од страв подеднакво се тресат планините и на земјата основите кога Тој ги погледнува.

20И сето ова срцето не го разбира;

21а патиштата Негови, Кој ќе ги сфати! Како што ветрот не го гледаме, така се сокриени и поголемиот број од делата Негови.

22Кој ќе ни ги открие делата на неговите праведни судови? И кој ги очекува? Ветеното е далеку.«

23Вака размислува слабоумниот. Вака глупаво размислува неразумниот и заблудениот човек.

24Слушај ме, сине мој, и ќе научиш, со срцето свое внимавај на моите зборови.

25Јас ти покажувам разумно учење и ти предавам вистинско знаење.

26Во почетокот Господ ги создал сите Свои дела и на секое од нив му даде одредено место;

27ги устроил засекогаш делата свои, и најдобрите болскаат од род во род: не гладуваат; не се уморуваат; постојано дејствуваат;

28ниедно од нив не го ограничува она што е до него,

29никога не се противставува на неговите повелби.

30Потоа Господ погледна на земјата и ја исполни со Своите добрини.

31Го покри лицето на земјата со секакви живи суштества и во неа ќе се вратат сите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help