1. Макавејска 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Битката кај Вереа и смртта на Јуда Макабејски. Погребот на Јуда Макабејски.

1Кога Димитриј слушна дека Никанор и неговите војници паднале во битката, одново ги испрати Бакид и Алким во Јудеја и со нив десното крило.

2Тие појдоа на пат кон Гилгал и поставија логор кај Месалот, во подрачјето на Арбела, па, откако го освоија, убија многу луѓе.

3Во првиот месец, во сто и педесет и втората година, нивниот логор беше пред Ерусалим,

4но станаа и појдоа кон Береа со дваесет илјади пешаци и две илјади коњаници.

5А Јуда се расположи во својот логор кај Еласа, а со него беа три илјади одбрани јунаци.

6Но кога ја видоа големата војска, кога видоа колку е многубројна, многу се исплашија и многумина избегаа од логорот; и од нив останаа не повеќе од осумстотини војници.

7Кога Јуда виде дека неговата војска се разбега, неговото срце се обесхрабри, војната го тревожеше, а немаше време одново да ги собере своите војници.

8Тој се натажи и им рече на оние што беа останале: »Да станеме и да појдеме против нашите противници; можеби ќе имаме сила да се бориме со нив!«

9Но тие го одвраќаа, велејќи му: »Ние немаме сила; можеме само да си ги спасиме животите, а потоа ќе се вратиме заедно со нашите браќа и ќе продолжиме да се бориме со нив, сега сме малкумина.«

10А Јуда им рече: »Не, тоа никогаш нема да биде со мене – јас да бегам од нив; ако, пак, нашиот час дошол. да умреме храбро за нашите браќа и да не дозволиме да има дамка врз нашата слава.«

11Војската се дигна од логорот и застана спроти нив; коњицата се раздели на два дела, а пред војската одеа праќкарите и стрелците и сите предни силни војници.

12А Бакид се наоѓаше на десното крило; одредите се приближуваа од двете страни и трубите трубеа.

13Со труби затрубеа и луѓето што беа со Јуда; се потресе земјата од вревата на војските и упорна борба започна, која траеше од утрото до вечерта.

14Јуда виде дека Бакид и најсилниот дел од неговата војска се наоѓаат на десната страна; кај него беа собрани сите што имаа храбро срце,

15го разбија десното крило и го гонеа дури до Азотската планина.

16Кога оние, што беа на левото крило, видоа дека десното крило е рабзиено, се свртија и појдоа по стапките на Јуда и на оние што беа со него и зад него.

17Борбата беше многу жестока; паднаа убиени и од едната и од другата страна;

18падна и Јуда, а другите се спуштија да бегаат.

19А Јонатан и Шимун го зедоа својот брат и го погребаа во гробницата на нивните татковци во Модин.

20Сите Израелци многу го оплакуваа и многу дни тажеа велејќи:

21»Како падна силниот кој го спасуваше Израел?«

22А другите дела на Јуда, борбите, храбрите подвизи што ги изврши, како и делата на неговата слава не се опишани затоа што беа извонредно многу.

23По смртта на Јуда во сите Израелски предели се појавија беззаконици и одново се кренаа сите оние што вршеа неправда.

24Во тие денови настапи голема глад, земјата премина кон страната на непријателите.

25Тогаш Бакид ги одбра безбожниците и ги постави за началници во земјата;

26тие се распрашуваа и ги бараа пријателите на Јуда и ги доведуваа кај Бакид, а тој им се одмаздуваше и се подбиваше со нив.

27Настана голема жалост во Израел, каква што не била од денот откако кај нив веќе пророк не се појавил.

28Тогаш се собраа сите пријатели на Јуда и му рекоа на Јонатан:

29»Откако умре брат ти Јуда, не се најде човек сличен на него, кој може да излезе против Бакид и против непријателите на нашиот народ,

30а, ете, сега ние те избравме тебе место него – за да ни бидеш началник и водач – да ја водиш нашата војска.«

31Тогаш Јонатан го прими водството и го зазеде местото на својот брат Јуда.

32Бакид дозна за тоа и бараше да го убие.

33А штом тоа го слушнаа Јонатан и Шимун, брат му, и сите оние што беа со него, избегаа во пустината Текоа и поставија логор кај водите на езерото Асфар.

34Бакид, кога го разбра тоа, во еден саботен ден, ја мина реката Јордан, тој и неговата војска.

35А Јонатан го испрати својот брат, како водач на придружбата, и ги замоли пријателите свои, Набатеите, да соберат многу храна.

36Но од Медеба излегоа синовите на Јамбри, го фатија Јован со сѐ што имаше и избегаа.

37По тој настан го известија Јонатан и брат му Шимун, дека синовите на Јамри прават голема свадба и дека во голем раскош водат невеста од Надабат, ќерка на еден од прочуените канаански кнезови.

38Тогаш си спомнаа за својот брат Јован, излегоа и се сокрија во гората.

39Кога ги подигнаа своите очи, ете, весели извици и голема придружба; младоженецот, неговите пријатели и неговите браќа беа излезени за пречек со свирки, тимпани и со многу оружје.

40Тогаш оние што беа со Јонатан скокнаа од заседа на нив и ги убија; паднаа многу убиени, а другите избегаа во гората; и тие го зедоа целиот плен.

41Така свадбената веселба се претвори во жалост, а звуците на нивните свирки во плач.

42Тие се одмаздија за крвта на својот брат и пак се вратија на брегот покрај Јордан.

43За ова слушна Бакид и еден саботен ден дојде со голема војска на брегот на Јордан.

44Тогаш Јонатан им рече на своите луѓе: »сега да станеме и да ги нападнеме за нашиот живот, зашто сега не е она што беше вчера и завчера.

45Ене, сега тие се пред нас и зад нас, водата на реката Јордан е од едната и од другата страна, околу нас е мочуриштето и честакот од грмушки, немаме место кај да избегаме.

46Па повикајте кон небото, за да се избавиме од рацете на нашите непријатели.«

47Борбата почна. Јонатан протегна рака, за да го удри Бакид, но тој се тргна назад од него.

48Јонатан и оние што беа со него скокнаа во реката Јордан и ја препливаа на другиот брег, но противниците не појдоа против нив.

49Тој ден паднаа мртви околу илјада луѓе на Бакид.

50Бакид се врати во Ерусалим и изгради во Јудеја утврдени градови: тврдините во Јерихон, Емаум, Бет-хорон, Бетел и Тимнат во Фаратон, и Тефон – со високи ѕидови, порти и резиња;

51во нив остави одреди војска, за да го напаѓаат Израилот.

52Ги утврди и градовите Бет-цур, Газара и тврдината, оставајќи во нив војска и храна;

53собра и заложници, синови на народните водачи и ги стави под стража во ерусалимската тврдина.

54Во сто педесет и третата година, во вториот месец, заповеда Алким да го урнат ѕидот од внатрешниот двор во храмот, и така да го срушат делото на пророците; и почнаа веќе да уриваат.

55Но токму тогаш Алким доби удар и се запре она што го беше почнал; устата му се затвори, онеме, не можеше веќе ни збор да проговори, ниту пак да управува со својот дом.

56Така умре во тешки маки.

57Кога Бакид дозна за смртта на Алким, веднаш се врати кај царот, а јудејската земја остана спокојна во текот на две години.

58Тогаш сите беззаконици се советуваа и говореа: »Ете, Јонатан и оние што се со него живеат без опасност и спокојно; да го повикаме Бакид да се врати; тој ќе ги фати само во една ноќ.«

59Отидоа кај него и така го советуваа.

60Тој одлучи да појде со голема војска и тајно им испрати писма на сите свои сојузници што се наоѓаа во Јудеја, да го фатат Јонатан и оние што се со него, но тие не можеа, затоа што нивните намери беа откриени.

61Тие фатија педесетина луѓе од земјата, виновници за тоа зло, и ги убија.

62Потоа, Јонатан, Шимун и оние што беа со нив се оддалечија од Бетбаси, во пустината, ги обновија тамошните урнатини и утврдениот град.

63Бакид, откако разбра за тоа, ја собра сета своја војска, ги извести и оние што се наоѓаа во Јудеја,

64дојде и го опседнаа градот Бетбаси; таму се задржа многу дни и постави бојни направи.

65Јонатан го остави својот брат Шимун, а тој отиде во околните предели со својата не голема војска.

66Тој ги нападна во нивните шатори и ги победи: Одомер и неговите браќа, како и Фарисоновите синови, па почна да убива и да напаѓа со војската.

67Тогаш Шимун и оние што беа со него излегоа од градот и ги изгореа воените направи;

68водеа битки и со Бакид и го победија; тоа многу го натажи, зашто неговите планови и походот попусто се свршија.

69Многу им се налути на беззакониците, што го советуваа да појде во таа земја, а многумина од нив и уби, па одлучи да се врати во својата земја.

70Кога разбра за тоа, Јонатан испрати гласници кај него со порака да склучат мир и да му ги вратат заробените.

71Тој се согласи со тоа и остана верен на своите ветувања и се заколна дека нема да му прави никакво зло во целиот свој живот;

72му ги врати луѓето што ги беше запленил во Јудеја, се врати во својата земја и веќе никогаш не се врати во нивните предели.

73Се смири мечот во Израел. Јонатан се настани во Минмаш и почна да му суди на народот и ги

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help