Мудри Соломонови Изреки 21 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ризниците на мудрите и ризниците на нечесните.

1Срцето на царот е во раката на Господа, како водните потоци: Он го насочува, каде што ќе посака.

2Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата.

3Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.

4Горделивите очи и надуеното срце се светило на грешник, а тоа е грев.

5Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија.

6Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.

7Насилството на нечесните ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.

8Крив е патот на развратниот човек; а на чистиот постапките му се прави.

9Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во заедничка куќа, а со жена кавгаџика.

10Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.

11Кога го казнуваат подбивачот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.

12Праведниот го набљудува срцето на нечесниот: гледа како нечесните паѓаат во грев.

13Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ќе пишти, – и нема да го чујат.

14Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака – и жестоката јарост.

15Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.

16Човек кој скршнал од патот на разумнот, ќе се насели во собранието на мртвите.

17Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.

18Нечесниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот.

19Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика.

20Скапоцени добра и елеј има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура.

21Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава.

22Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која се надевале нечесните.

23Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.

24На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост.

25Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат.

26тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.

27Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, зашто ја принесуваат со лукавство.

28Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш.

29Нечесниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.

30Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господа.

31Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help