Осија 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Опомена за царството на Јуда и царството на Израилот.

1Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израилев, и приклони го увото, доме царев, оти вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Масифа и оптегната мрежа во Тавор.

2Длабоко потонаа во расипаност, но Јас ќе ги казнам сите нив.

3Ефрема Јас го познавам, но и Израилот не е сокриен од мене; оти и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израиле, се оскверни.

4Делата нивни не ги оставаат да се обрнат кон својот Бог, оти блудството нивно, е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат.

5И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни; затоа и Израил и Ефрем ќе паднат поради беззаконијата свои; а ќе паде и Јуда со нив.

6Со овците свои и со воловите свои ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Он се оттргнал од нив.

7Тие го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; и сега новата месечина ќе ги проголта заедно со имотите нивни.

8Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: »По тебе, Венијамине!«

9Во денот на казнувањето Ефрем ќе стене пустиња; Јас го соопштив тоа меѓу колената Израилеви.

10Водачите на Јуда останаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода.

11Ете, Ефрем е угнетен, поразен е преку суд, оти посака да оди по суетни работи.

12И ќе биде како молец за домот на Ефрема и како црв за домот на Јуда.

13Ја виде Ефрем болеста своја и Јуда раната своја; и тргна Ефрем кон Асур и прати по царот Јарим за да го брани; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша.

14Оти Јас сум како лав за Ефрема и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси.

15Ќе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат оти се виновни, и не го побараат лицето Мое.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help