1 Летописи 10 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сауловата пропаст во борбата против Филистејците.

1Филистејците војуваа против Израилот, и Израилците бегаа од Филистејците и паѓаа поразени на гората Гелвуја.

2Филистејците го гонеа Саула и синовите негови и ги убија Јонатана, Аминадава и Мелихисуа, синови Саулови.

3Битката против Саула се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.

4Саул му рече на својот оружјеносец: »Извади го мечот свој и уби ме со него, за да не дојдат тие необразани и да се подбиваат со мене.« Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и падна врз него.

5Оружјеносецот негов, кога виде, дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре.

6Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.

7Кога Израилците, што беа во долината, видоа, деака сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саула и синовите негови, паднати на Гелвујската гора.

9Го соблекоа Саула и му ја зедоа главата и оружјето, и испратија по земјата Филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.

10Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во домот на Дагона.

11И целиот Јавис Галадски чу сѐ, што беа извршиле Филистејците со Саула.

12Потоа станаа сите силни мажи, го зедоа телото Саулово и телата на синовите негови и ги однесоа во Јавис; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавис и постеа седум дена.

13Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,

14а не Го побара Господа. Затоа Он и го погуби и царството негово и го предаде на Давида, Јесеевиот син.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help